Прејди на содржината

Милена Драшковиќ-Ангелиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милена Драшковиќ-Ангелиќ (во Пеќ2 јуни 1944 на Караорман) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Пред војната била примена за член на СКОЈ. Во почетокот на 1942 година била уапсена и интернирана во Албанија. По капитулацијата на Италија, во септември 1943 година, дошла на слободната територија во западна Македонија. Со формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада (11 ноември 1943 година) станала нејзин борец. Била политички делегат на 3 чета во I косовски баталјон. Тешко била ранета во борбите на Бригадата со Германците и балистите на Караормаан и на 2 јуни 1944 подлегнала на раните.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1054.