Прејди на содржината

Милдред Е. Матијас

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милдред Естер Матијас (19 септември 1906 16 февруари 1995) — американска ботаничарка и професорка.[1][2]

Била професорка на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес од 1962 до 1974 година, како и претседател на Американското друштво за таксономисти на растенија и на Американското ботаничко друштво.[1]

Рана кариера

[уреди | уреди извор]

Матијас ја започнала својата колеџ кариера во 1920-тите, и првично планирала да студира математика, но наместо тоа студирала ботаника, стекнувајќи се со диплома, магистратура и докторат на Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис на 22-годишна возраст.[1]

Таа се омажила за Џералд Хаслер, доктор по физика, во Филаделфија во август 1930 година. Од 1932 до 1936 година, Матијас била истражувачки соработник во Њујоршката ботаничка градина, а потоа во Беркли до 1937 година со д-р Линколн Констанс за студии за морков. Нејзиното семејство се преселило во јужна Калифорнија до 1944 година.

Матијас проучувала, класифицирала и водела групи за откривање растенија низ целиот свет, од Југоисточна Азија, Австралија, Југоцентрална Африка, Амазонскиот регион, западните Соединети Американски Држави, помагајќи во популаризацијата на „екотуризмот“. Таа открила над 100 видови штитоцветни растенија. Во 1954 година, родот Mathiasella, од североисточно Мексико, бил именуван во нејзина чест.[3]

Нејзиното прво патување во странство како пензионирана професорка било во Костарика во 1974 година и оттогаш водела 53 патувања во над 30 земји.[4] Објавила над 200 статии и книги за своите наоди.[4]

Маријас многу се залагала за образованието на пошироката јавност, преку раководење со ботаничката градина на КУЛА (преименувана во Ботаничка градина Милдред Е. Матијас во нејзина чест) а исто така и водела неделна телевизиска емисија на еНБиСи за градинарство заедно со д-р Вилијам Стјуарт наречена „Прекрасниот свет на украсни растенија“.[1]

Матијас помогнала во воспоставување на Системот за природни резервати на Калифорнискиот универзитет, систем на недопрени калифорниски живеалишта што го стекнал и управувалКалифорнискиот универзитет за универзитетска настава и истражување. Таа ја промовирала заштитата на природата во Костарика, со тоа што ја создала Организацијата за тропски студии, која помага во зачувувањето на костариканските земјишта.

  • Награда за заслуги на Калифорнискиот совет за заштита на природата, 1962 година[5]
  • Жена на годината според „Лос Анџелес Тајмс“, 1964[5]
  • Национална награда за зачувување на природата, 1964 година[5]
  • Награда за одгледувач на растенија од Тихоокеанскиот брег за извонредни достигнувања во хортикултурата, 1967 годин [5]
  • Награда за заслуги од Ботаничкото друштво на Америка, 1973[5]
  • Награда за заслуги од Американското здружение на ботанички градини и арборета, 1976 година[5]
  • Медал „Либерти Хајд Бејли“ од Американското хортикултурно друштво, 1980 година[5]
  • Медал за чест од Градинарскиот клуб на Америка за извонреден хортикултурист кој дал придонес во областа на истражувањето и образованието, 1982 година[5]
  • Почесен член на Здружението за тропска биологија и заштита, 1986[5]
  • Медал „Чарлс Лоренс Хачинсон“ на Чикашкото хортикултурно друштво, 1988 година[5]
  • Заслужен професор на годината на КУЛА, 1990[5]
  • Истакнат економски ботаничар од Друштвото за економска ботаника, 1993[5]
  1. 1 2 3 4 Wayne, Tiffany K (2011). American Woman of Science Since 1900. Santa Barbara, CA: ABC CLIO, LCC. стр. 663–664. ISBN 978-1-59884-158-9.
  2. Folkart, Burt A. (19 February 1995). „Mildred Mathias; Honored UCLA Botanist“. LA Times. Посетено на 28 December 2021.
  3. Mathiasella Constance & C.L.Hitchc. | Plants of the World Online | Kew Science“. Plants of the World Online (англиски). Посетено на 17 May 2021.
  4. 1 2 „Mildred E. Mathias: 1993 Distinguished Economic Botanist“. Economic Botany. 48 (1): 1–2. 1994. doi:10.1007/bf02901372. JSTOR 4255561.
  5. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 „Mildred E. Mathias Gallery & Bio – Mildred E. Mathias Botanical Garden“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-04-20. Посетено на 2019-01-26.
  6. „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)