Милано

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Миланo)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милано
Milano
општина
Поглед на Миланската катедрала
Поглед на Миланската катедрала
Знаме на Милано
Знаме
Грб на Милано
Грб
Прекар(и): Главен град на моралот на Италија[1]
Земја Италија
Регион Ломбардија
Покраина Милано (MI)
Населен од Келтите како Медиоланум околу 400 п.н.е.
Управа
 • Градоначалник Џулијано Пизапија (SEL)
Површина
 • Вкупна 181,76 km2 (7,018 sq mi)
Надм. вис. 120 m (390 ft)
Население (30 април 2013)[2]
 • Вкупно 1,295,723
 • Густина 71/km2 (180/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 20100, 20121–20162
Повик. бр. 02
Светец-заштитник Амвросиј Медиолански
Слава 7 декември
Мреж. место Матична страница

Милано (италијански: Milano; милански: Milan) е вториот најголем град во Италија и главен град на регионот Ломбардија. Самиот град има население од околу 1,35 милиони, додека неговата урбана област е петта најголема во рамките на ЕУ и најголема во Италија со проценето население од околу 5,2 милиони.[3] Големото ширење на градот кое следеле по повоениот економски бум во 1950-тите и 1960-тите и растот на пространата урбана област, наведуваат дека градот има влијание и надвор од неговите административни граници, создавајќи метрополитенска област од седум[4] до девет[5] милиони луѓе. Според Евростат, метрополитенската област има население од 8.071.271 луѓе во 2011.[6] Таа се вбројува во т.н. Сина банана, област во Европа со најмногу население и индустриска густина.[7]

Милано бил основан од Келтите. Подоцна, градот бил освоен од Римјаните, станувајќи главен град на Западното римско царство. Во текот на Средниот век, Милано се развил како трговски и банкарски центар.[8] Низ вековите бил освојуван и владеен од Франција, Хабсбуршка Шпанија и Австрија, до 1859 кога градот конечно бил припоен од новото Кралство Италија. Во текот на раните 1900-тите, Милано ја предводел индустријализацијата на младата нација, станувајќи економски, социјален и политички центар. Лошо погоден од уништувањата во Втората светска војна и по суровата нацистичка окупација, градот станал главен центар на италијанскиот отпор.[9] По војната, градот доживеал силен економски бум, привлекувајќи голем број на имигранти од руралната Јужна Италија.[10] Во текот на последните декади, Милано привлекува голем број на странски имигранти и денес повеќе од една шестина на неговото население е со странско потекло.[2]

Милано е главен индустриски, трговски и финансиски центар на Италија и водечки глобален град.[11] Во неговиот финансиски центар се наоѓа италијанската берза (Borsa Italiana) и седиштата на најголемиот дел на националните банки и компании. Градот е познат како еден од главните градови во светот на модата[12] и дизајнот[13]. Благодарение на неговите важни музеи, театри и знаменитости (вклучувајќи ја Миланската катедрала, петта најголема катедрала во светот и Санта Марија деле Грацие, украсена со слики на Леонардо да Винчи, дел од светското културно наследство) Милано привлекува повеќе од два милиони посетители секоја година.[14] Во него се наоѓаат бројни институции и универзитети, со повеќе од 185.000 студенти во 2011, т.е. 11 проценти во целата земја.[15] Градот е исто така познат по неколку меѓународни настани и саеми, како што се Миланската модна недела и Саемот за мебел, најголем од таков вид во светот,[16] и ќе биде домаќин на светскиот саем Експо 2015. Милано е дом на два големи фудбалски клубови, Милан и Интер.

Милано како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Во својот расказ „Стаклениот лиценцијат“, Сервантес го нарекува Милано работилница на богот Вулкан и зеница на француското кралство, велејќи дека тој е град кој може да зборува и да работи.[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија Британија. „Милано (Италија) - Енциклопедија Британика“. Britannica.com. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/382069/Milan#. посет. 3 јануари 2010 г. 
  2. 2,0 2,1 „Проценка за официјалното населние на Истат“. http://demo.istat.it/bilmens2013gen/index.html. посет. 14 октомври 2013 г. 
  3. „Демографија Светски урбани области“ (PDF). http://www.demographia.com/db-worldua.pdf. посет. 14 септември 2013 г. 
  4. ОЕЦД. „Competitive Cities in the Global Economy“ (PDF). http://194.30.231.7/xtra/media/files/var/cities.pdf. посет. 30 април 2009 г. 
  5. „EXPO 2015 Official Website – Milan, Italy“. http://en.expo2015.org/why-milan&TYPE=browse. посет. 26 мај 2012 г. 
  6. „Eurostat - Data Explorer“. Appsso.eurostat.ec.europa.eu. http://appsso.eurostat.ec.europa.eu/nui/show.do?dataset=met_pjanaggr3&lang=en. посет. 14 септември 2013 г. 
  7. Герт-Јан Хосперс (2002). „Beyond the Blue Banana? Structural Change in Europe's Geo-Economy“ (PDF). 42nd EUROPEAN CONGRESS of the Regional Science Association Young Scientist Session – Submission for EPAINOS Award 27–31 август 2002 – Дортмунд, Германија. архивирано од изворникот на 29 септември 2007 г.. http://web.archive.org/web/20070929001624/http://www.ersa.org/ersaconfs/ersa02/cd-rom/papers/210.pdf. посет. 27 септември 2006 г. 
  8. Luca Molà (2000). The Silk Industry of Renaissance Venice. Baltimore: The Johns Hopkins University Press. стр. 6. ISBN 0-8018-6189-6. 
  9. Cooke, Philip (1997). Italian resistance writing : an anthology. Manchester: Manchester University Press. стр. 20. ISBN 0-7190-5172-X. 
  10. Ginsborg, Paul (2003). A history of contemporary Italy : society and politics, 1943 - 1988. New York: Palgrave Macmillan. стр. 220. ISBN 1-4039-6153-0. 
  11. „GaWC – The World According to GaWC 2010“. Lboro.ac.uk. 14 септември 2011. http://www.lboro.ac.uk/gawc/world2010t.html. посет. 10 јули 2012 г. 
  12. „The Global Language Monitor » Fashion“. Languagemonitor.com. http://www.languagemonitor.com/fashion/. посет. 1 јуни 2011 г. 
  13. „Милано, Италија“. Frogdesign.com. http://www.frogdesign.com/contact/milan.html-0. посет. 1 јуни 2011 г. 
  14. „Euromonitor International’s top city destinations ranking“. Euromonitor.com. http://www.euromonitor.com/euromonitor-internationals-top-city-destinations-ranking/article. посет. 1 јуни 2011 г. 
  15. „Универзитети и истражување во Милано“. Покраина Милано. http://www.provincia.milano.it/economia/en/saperne/milano_cifre/universita_ricerca/index.html. посет. 4 ноември 2012 г. 
  16. „Саем за мебел Милано“. Monocle.com. 30 април 2009. http://www.monocle.com/sections/design/Web-Articles/Milan-2009/. посет. 10 јули 2012 г. 
  17. Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 113.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]