Милан Фирфов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Milan firfov.jpg
Роден 25 март 1943
Скопје
Починал 28 април 2012
Скопје , Македонија Македонија
Занимање музички работник, диригент, пијанист, оперски пејач и универзитески професор


Милан Фирфов (Скопје, 25 март 1943 - Скопје, 28 април 2012) — македонски музички работник, диригент, пијанист, оперски пејач - баритон и пензиониран редовен професор на ФМУ во Скопје. Фирфов е син на македонската оперска дива Данка Фирфова[1] и музичкиот деец Живко Фирфов[2].

Биографија[уреди | уреди извор]

Фирфов е роден во Скопје, на 25 март 1943 година во видно музичко семејство. Дипломирал пијано кај А. Прегер, во 1969 и соло-пеење кај Н. Цвеиќ, во1970 година на Музичката академија во Белград, каде што ја стекнувал и титулата магистер по соло-пеење кај З. Зикова во 1974 година. Уметничката кариера ја започнал како солист во Операта на МНТ, а од 1969 година почнал да предава на ФМУ во Скопје како редовен професор. Приредил повеќе солистички рецитали и настапи во придружба на оркестар. Се занимавал и со музичка критика. Познат бил по многубројните солистички и концертни настапи на разни музички манифестации во Македонија и во странство. Има настапено и како фолк пејач на фестивалот за патриотски песни Гоце Фест. До своето пензионирање бил редовен професор на ФМУ во Скопје, кој предавал соло-пеење и клавир. По долго боледување, починал во Скопје на 28 април 2012 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мирјана Павловска - Шурајковска (2009) (на македонски и англиски). Данка Фирфова - монографија. Скопје: Дирекција за култура и уметност- Скопје. http://issuu.com/skleto/docs/danka_firfova-monographi. 
  2. Dimitrije Buzarovski. „IRAM’s CD Female vocal soloists from the Firfov Collection“ (PDF) (англиски). конс. 2012-04-28. 
  3. Почина професор Милан Фирфов“, Дневник, 28 април (посет. 28 април 2012 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]