Милан Марковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милан Марковски
Роден 1895
Берово , Османлиско Царство
Починал 1961
Корицата на „Лажна веридба“, 1920 г.

Милан Марковски (Берово, 1895 - 1961) — македонски просветен деец од време на првата половона на XX век.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Марковски е роден во 1895 година во Берово. Во 1922 година пристигнал во Преспа и започнал да работи како учител во селото Јанковец, а подоцна и во Ресен. Пишувал научни трудови за падагогијата. Истовремено пишувал драми и скечови, кои ги поставувал на сцена. По иницијатива на група млади ресенчани, меѓу кои и Марковски на 10 јули 1919 година било основано спортското друштво „Преспа” во Ресен и истоимениот фудбалски клуб како прва екипа-член на друштвото и еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија.[2] Го создал ансамблот „Разпејани ресенчани“ и Културно-уметничкото друштво „Таше Милошевски“. Автор е на драмите „Овчарот народен јунак од село Златари“, „Партизани“, „Лихвари“ и много други. Марковски има и голем принос за развојот на овоштарството во Преспа. По време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, Марковски бил во Србија. Во почетокот на 1945 година се вратил. Во 1952 година бил осуден на 6 месеци затвор и целиот имот му бил конфискуван.[1]

Марковски починал во 1961 година. Во 2003 година бил рехабилитиран.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]