Прејди на содржината

Милан Илоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Илоски
Лични податоци
Роден на 29 јули 1999(1999-07-29)(26 г.)
Роден во Ескондидо, САД
Држава САД САД
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сан Диего Сан Диего
Број 32
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020-2021 Реал Солт Лејк Реал Солт Лејк 2 (0)
2024Реал Монаркс Реал Монаркс 19 (5)
2024 Оринџ Каунти Оринџ Каунти 66 (39)
2024- Норшелан Норшелан 16 (2)
2025-Сан Диего Сан Диего 3 (0)

Милан Илоски (роден на 29 јули 1999, во Ескондидо) е американски фудбалер со македонско потекло, напаѓач на Сан Диего.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Илоски е роден во Ескондидо, Калифорнија, од родители со македонско потекло. Тој има двајца браќа Брајан и Ерик Илоски и двајцата се исто така фудбалери.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Откако играл колеџ фудбал на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, на 15 јануари 2020 година, потпишал за клубот од МЛС американската лига, Реал Солт Лејк.[2] Своето деби за клубот го направил на 10 септември 2020 година, влегувајќи како замена во продолжението од победата со 3-0 над ФК Лос Анџелес. Откако тоа бил неговиот единствен настап за клубот за сезоната, следната сезона тој играл за вториот тим Реал Монаркс во УСЛ првенството каде на 18 натпревари постигнал 5 гола. По завршувањето на сезоната 2021, опцијата за продолжување на неговиот договор била одбиена од Солт Лејк.

На 22 февруари 2022, Илоски потпишал за Оринџ Каунти.[3] По две импресивни сезони, од кој во првата ја освоил и златаната копачка за најдобар стрелец во УСЛ првенството со 22 постигнати гола, на 12 септември 2023 тој бил купен од данскиот клуб Норшелан, на кој според договорот требало да му се придружи по завршувањето на сезоната во УСЛ со Оринџ Каунти.[4][5] Своето деби за данскиот клуб го направил на 11 август 2024, влегувајќи како замена во 87-мата минута од натпреварот од Суперлигата на Данска против Лингби што завршил нерешено 1-1. Својот прв гол во дресот на Норшелан го постигнал во победата со 4-1 на гостувањето кај Сенерјуск на 6 октомври 2024.

На 2 април 2025, Илоски бил позајмен на новиот член во МЛС лигата, Сан Диего.[6][7] Дебитирал за клубот единаесет дена подоцна, заменувајќи го Анибал Годој во поразот со 3-2 на гостувањето кај Колорадо Рапидс.

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 28 април 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2020САД Реал Солт ЛејкМЛС10УСКуп00-----10
2021МЛС10УСКуп00-----10
Вкупно Реал Солт Лејк1000----20
2020САД Реал МонарксУСЛ10--------10
2021УСЛ185--------185
Вкупно Реал Монаркс195------195
2022САД Оринџ КаунтиУСЛ3122УСКуп21-----3323
2023УСЛ3517УСКуп23-----3720
Вкупно Оринџ Каунти663944----7043
јан.-јун. 2024Данска НоршеланСЛ00КД00-----00
2024-апр. 2025СЛ162КД20-----182
Вкупно Норшелан16220----182
2025САД Сан ДиегоМЛС30УСКуп00-----30
Вкупно во кариерата1064664----11250
  1. „Men's soccer sibling trio shares spotlight on this season's roster“. Daily Bruin. September 23, 2017.
  2. „Real Salt Lake sign FW Milan Iloski, keep building sizable Homegrown Player ranks | MLSSoccer.com“. mlssoccer.
  3. „FORMER UCLA FORWARD MILAN ILOSKI JOINS BROTHER AT ORANGE COUNTY SC“.
  4. „Македонецот Милан Илоски потпиша за дански Нордсјиланд (ФОТО)“. ekipa.mk. 13 септември 2023. Посетено на 28 април 2025.
  5. „Милан Илиоски од САД се сели во Нордсјеланд“. evrotip.mk. 13 септември 2023. Посетено на 28 април 2025.
  6. mlssoccer. „San Diego FC sign forward Milan Iloski | MLSSoccer.com“. mlssoccer (англиски). Посетено на 2025-04-02.
  7. „Македонецот Илоски се врати во САД, сега ќе игра за Сан Диего!“. ekipa.mk. 2 април 2025. Посетено на 28 април 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]