Милан Змијата
Изглед
Милан Змијата | ||
Роден | Станимака, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 19 април 1908 Велес, Македонија, Османлиско Царство |
Милан Змијата — бугарски и македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Милан Змијата е роден во градот Станимака, денес Асеновград во тогашното Кнежевство Бугарија. Влегува во редовите на ВМОРО и станува комита. Во август 1907 година, откако Дачо Јотов и Михаил Чаков го напуштаат Велешко, окружниот војвода Тане Николов се враќа во Велешко и ја подели областа на петмина околиски војводи - на Велко Попадиски, Секула Ораовдолски, Темелко Наумов, Александар Андреев и на Милан Змијата. На 19 април 1908 година, предаден од агенти на српската пропаганда, загинува во престрелка со турските власти во градот Велес.[2][3]
Во негова чест е именувана улицата „Милан Змијата“ во Велес.[4]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.64
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 103.
- ↑ Аврамовъ, Стефанъ, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, МНИ, София 1929 г., стр. 165.
- ↑ „Андон Ќосето и Милан Змијата, дел од новоименуваните улици“. tirekovmirece.com. 29 мај 2012.