Прејди на содржината

Милан Видмар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Видмар
Видмир околу 1935 година
Роден(а)јуни 22, 1885(1885-06-22)
Љубљана, Австроунгарија
Починал(а)октомври 9, 1962(1962-10-09) (возр. 77)
Алма матерВиенски универзитет
ЗвањеВелемајстор (1950)

Милан Видмар (22 јуни 18859 октомври 1962) — познат словенечки електроинженер, шахист, шаховски теоретичар и писател. Тој бил еден од најдобрите шахисти во светот од 1910 до 1930 година, а во 1950 година бил еден од првите шахисти кои ја добиле титулата Меѓународен велемајстор од ФИДЕ. Во својата кариера, Видмар бил специјалист за енергетски трансформатори и пренос на електрична струја.

Ран живот, семејство и образование

[уреди | уреди извор]

Тој бил роден во семејство од средна класа во Љубљана, која тогаш била дел од Австроунгарија (денес Словенија). Во 1902 година започнал да студира машинско инженерство, а дипломирал во 1907 година на Универзитетот во Виена. Потоа, во 1911 година, докторирал на Техничкиот факултет во Виена. Студијата за електротехника ја започнал во 1904 година на Техничкиот факултет, но бидејќи тоа било подоцна од очекуваното, морал да полага посебни испити за основите на оваа област.

Помеѓу 1912 и 1913 година работел во познатиот Ганц Воркс во Будимпешта како асистент на Ото Титус Блати, еден од пронаоѓачите и најистакнатите експерти за трансформатори кои пак станале специјализација на Видмар.

Бил професор на Универзитетот во Љубљана, член на Словенечката академија на науките и уметностите и основач на Електротехничкиот факултет. Помеѓу 1928 и 1929 година бил 10-ти канцелар на Универзитетот во Љубљана. Во 1948 година го основал Институтот за електротехника кој сега го носи неговото име.[1]

Шаховска кариера

[уреди | уреди извор]

Видмар исто така бил врвен шахист, веројатно еден од најдобрите десетици играчи во светот од 1910 до 1930 година, а притоа останал аматер. Ја добил титулата велемајстор од ФИДЕ во 1950 година, кога биле воведени титулите.

Неговите шаховски успеси вклучуваат високи позиции на некои од најпрестижните шаховски турнири во неговото време:

  • Шесто место на турнирот во Карлсбад 1907 година
  • Трето место на турнирот во Прага 1908 година
  • Прво место на Гетеборг 1909 година (7-ми нордиски шампионат во шах)
  • Второ место во Сан Себастијан 1911 година (со Акиба Рубинштајн)
  • Второ место зад Капеа во Манхајм 1914 година
  • Прво место во Виена и Берлин 1918 година
  • Второ место во Кошице 1928 година
  • Трето место во Лондон 1922 година
  • Поделено прво место со Александар Алехин во Хестингс 1925/26 година
  • Трето место во Семеринг 1926 година
  • Четврто место во Њујорк 1927 година
  • Четврто место во Њујорк 1927 година
  • Четврто место во Лондон 1929 година
  • Изедначено на 4-7-то место во Блед 1931 година
  • Изедначено на 3-6-то место во Штутгарт 1939 година
  • Второ место зад Макс Еуве во Будимпешта 1940 година
  • Прво место во Базел 1952 година

Видмар ја претставувал Југославија на шаховските олимпијади во Прага 1931 година и Стокхолм 1935 годинна.[2]

Видмар станал шаховски судија, добивајќи ја титулата меѓународен судија од ФИДЕ и бил главен судија на Светското првенство во шах во 1948 година во Хаг/Москва.

Семејство

[уреди | уреди извор]

Неговиот помлад брат, Јосип Видмар, бил влијателен словенечки литературен критичар и јавен интелектуалец; неговиот син, Милан Видмар Џуниор бил меѓународен мајстор во шах.

Словенечката шаховска федерација организира меѓународен велемајсторски турнир наречен меморијал Милан Видмар.[3]

  1. „Elektroinštitut Milan Vidmar“. Архивирано од изворникот на 9 April 2018. Посетено на April 8, 2018.
  2. „OlimpBase :: Men's Chess Olympiads :: Milan sr Vidmar“. Посетено на April 8, 2018.
  3. dr. Milan Vidmar memorial Tournaments Архивирано на 31 октомври 2021 г., Slovenian chess federation