Прејди на содржината

Милан Атанасовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милан Андреев Атанасовски ( 1923 во Скопје6 април 1945 во Нови Сад, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Учел и работел во Скопје. Во НОВ и ПОЈ стапил на 9 септември 1944 година. Учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Се пројавил како совесен, дисциплиниран и примерен борец. По ослободувањето на Македонија бил испратен во офицерско училиште во Белград. По успешното завршување на училиштето бил распореден во Војводина. Веднаш потоа се вклучил во борбите против Германците. Се истакнувал во раководењето на единица која му била доверена да ја води. На 28 февруари 1945 година, во една борба против Германците, тешко бил ранет и пренесен во болница во Нови Сад. Подлегнал на раните, на 6 април 1945 година.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 29. На |first= му недостасува |last= (help)