Милан Јовановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Јовановски
Роден 12 октомври 1932
Тетово, Македонија Македонија
Занимање универзитетски професор, специјалист по патолошка анатомија

Милан Стефанов Јовановски (12 октомври 1932 во Тетово) — специјалист по патолошка анатомија, редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје од 1990 година, директор на Институтот за патологија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно образование учел во Тетово и Скопје, а средно образование завршил во Скопје. Дипломирал медицина во Скопје во 1960 година, а хабилитирал за микроскопските промени на дисеминирана интраваскуларна коагулација кај фулминантни форми на хепатит во 1972. Се усовршувал во Шведска и во југословенските центри. Формирал и организирал лабораторија за примена на имунофлуоресцентниот метод за дијагностички и научни цели, особено кај автоимуните и кај ендокрините заболувања. Бил продекан (19781980) и декан (19881990) на Медицинскиот факултет во Скопје[2], проректор на УКИМ (1991 - 1992), директор на Институтот и шеф на Катедрата по патолошка анатомија (19821988, односно 1986) и претседател на МЛД и на Сојузот на лекарите на Југославија. Публикувал над 85 трудови и авторизирана скрипта од предавањата по предметот патолошка анатомија.[3]

Носител е на високи државни одликувања, како што се: Орден на заслуги за народот со сребрени зраци, Орден на Републиката со бронзен и сребрен венец, и други.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 89-92
  2. „Список на декани на медицинскиот факултет“. Архивирано од изворникот на 2009-10-08. Посетено на 2009-10-19.
  3. Билтен УКИМ, бр. 531. К. К.-П.