Мик Џонс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мик џонс)

\

Џонс за време на неговиот престој со Big Audio Dynamite (Њујорк, 1987)

Мајкл Џиофри "Мик Џонс" (анг. Michael Geoffrey "Mick" Jones) (роден 26 јуни 1955), е поранешен гитарист, следечки вокал и еден од основачите на британскиот панк рок бенд Клаш, до напуштањето на бендот во 1993. Следува формирњето на бендот Биг аудио динамит со Дон Летс па со промената на составот на членовите, следува настанувањето на Биг аудио динамит II, а подоцна и на Биг саунд. Моментално, Џонс свири со Карбон силикон заедно со неговиот долгогодишен пријател, Тони Џејмс, и сега се на светска турнеја како дел од Горилаз лајв бенд (во него е вклучен и поранешниот член на Клеш Пол Симонон).

Детство и адолесценција[уреди | уреди извор]

Џонс е роден во Брикстон, Јужен Лондон, Англија од татко со велшко потеко и мајка со еврејски корени од Русија. Поголемиот дел од детството го поминал со неговата баба по мајка, Стела, во Јужен Лондон. Братучед на Џонс е Грант Шепс, конзервативниот член во парламентот на Велвин Хејтфилд. Школувањето го започнал во "Странд Скул", па потоа во уметничка школа, поради своето уметничко-творечко размислување. "Дури и пред Њујорк долс, ги следев настапите на бендовите наоколу. Ги следев Мот д хопл насекаде низ Англија. Бев дури до Ливерпул и Њукасл, спиејќи на скалите од општинската зграда, искрадувајќи се во возовите без карта, криејќи се по вецеата кога доаѓаше кондуктерот за проверка на тикетите. Скокав од возот пред да пристигне на станицата и ја прескокнував оградата. Тоа беа прекрасни времиња, и отсекогаш знаев дека сакам да свирам гитара во некој бенд. Тоа беше тоа за мене. " Почнува да се препознава како гитарист со свирењето во раните седумдесетти години како член на глем рок бендот, Деликвентс. Кратко потоа го запознава Тони Џејмс, со кој го формираат прапанк-бендот Лондон сс. До 1976 бендот се растура, а членовите на бендот Џонс, Пол Сиомонон и Кејт Левене бараат ново одредиште со нов бенд.

Клеш[уреди | уреди извор]

На 21 година, заедно со Симонон се претставени на Џо Страмер од страна на Берни Родс (само-нарекувачки основач на панк рокот) во Шиперд Баш. Бендот вежба во напуштената железничка станица во Камден и Клеш е веќе формиран. Џонс свири главна гитара, пее и ги пишува поголемиот број од песните сè додека не е исфрлен од Клеш во 1983 од страна на Страмер и Симонон. Недостатокот на точност, одигра главна улога во неговото разрешување од бендот. За времето поминато во Клеш, заедно со останати членови на бендот, е примен во Рок енд Рол хол оф фејм(анг. Rock and Roll Hall of Fame) во 2003.

Џенерал Паблик[уреди | уреди извор]

По исфрлувањето од Клеш, Џонс кратко е основач на бендот Џенерал паблик. Иако е наведен како официјален член на бендот во деби албумот од 1984 "Ол д рејџ", Џонс го напушта бендот во текот на снимањето на албумот и заменет е од Кевин Вајт. На задниот дел од омотот на цедето, наместо слика од Џонс, поставена е бела позадина. Тој свири на повеќето песни од албумот вклучувајќи ја и песната "Тендернес" која се најде на ТОП 40 во Северна Америка.

Биг аудио динамит[уреди | уреди извор]

Напуштајќи ги Џенерал паблик, го формира бендот Биг аудио динамит со режисерот Дон Летс, кој претходно ги имал режисирано различните спотовите на Клеш, а подоцна и документарниот филм "Вест веј то д ворлд". Деби албумот "Д ис биг аудио динамит" е издаден следната година, во кој песната "E=MC²" добива репутација по клубовите, а песните "Медицин шоу" и "E=MC²" добро котираат на музички листи во Обединетото Кралство. За вториот албум на бендот, "Но 10, апинг ст", Џонс повторно соработува со Страмер. Заедно пишуваат неколку песни за албумот, вклучувајќи ѓи и "Бејонд д пејл", "В. тртин" и "Сајтси М.Ц" . Страмер помага и во издавањето на албумот. Повторното обединување не трае долго, по меѓусебната соработка, тоа не се случило некое време. Омотот на третиот албум на Биг аудио динамит насловен како "Тајтин ап, вол. 88", е нацртан од страна на поранешниот басист на Клеш, Пол Симонон. Кратко по издавањето на албуот, Џонс добива сипаници и пнеувмонија поради што повеќе месеци прележува во болница. По оздравувањето, издава уште еден албум со бендот насловен како "Мегатоп феникс", пред да ја промени поставата и да го преименува бендот во Биг аудио динамит II, издавајќи со него албум насловен како "Д глоб". Во 1990 вклучен е во песната од Ацтек Камер насловена како "Гуд морнинг ингланд", заедно со Роди Фрејм. Составот на бендот повторно се менува во 1994, и го издаваат албумот "Хајер паувер" под името Биг аудио. Во 1995, го издаваат албумот со најдобрите хитови, "Планет Б.А.Д." кој е издаден и како студиски албум именувак како "Ф-панк" под оригиналното име на бендот Биг аудио динамит. Наредниот албум, "Ентеринг а њу рајд" е сниман во 1997, но издаден само на интернет поради несогласувањата со "Радиоактив Рекордс". Уште една колекција од најдобрите хитови, насловена како "Супер хитс" е издадена во 1999.

Тековни проекти[уреди | уреди извор]

Карбон/Силикон[уреди | уреди извор]

Во 2002, Џонс се здружува со поранешниот колега од бендот Лондон сс, Џенерејшн икс и Сигју сигју спутник, Тони Џејмс, со цел да го формираат новиот бенд Карбон/Силикон. Бендот има одржувано турнеи во Обединетото Кралство и САД, настапувајќи на бројни добротворни анти-фашистички концерти. Бендот исто така има снимано и три албуми меѓу кои : А.Т.О.М, Вестерн фолк и Крекап сјут, кои се достапни на интернет за спуштање. Првото издадено печатено цд е Д њус ЕП. Бендот ги охрабрува своите обожаватели да ја шират музиката бесплатно на П2П мрежите и дозволува аудио и видео снимање на нивните настапи. Првата песна "МПфри", е химна на за споделувањето на песните на П2П мрежите. Слично во многу аспекти на претходните дела од Мик Џонс во Биг аудио динамит, Карбон/Силикон целат кон традиционалниот присап на рокенролот. Од страна на Алан Мекги бендот е опишан како притиснат камен помеѓу лап топот и интернетот, давајќи ни примероци од нивните записи и живи настапи. Составот на бендот е катализиран од интрнетот и П2П споделувањето на записи. Првата песна напишана од страна на Џонс и Џејмс е "МПФри", во која што тие ги опишуваат своите желби за прифаќање на технологијата на интернетот и споделувањето музика на записи на интернет, во интерес на ширење на музиката а не на профит од неа. На седум последователни петоци во период од Јануари до февруари 2008, Карбон/Силикон има серија од настапи во "Ин он д грин", точно под "Вествеј" во Торп Клоус, помеѓу Ладброук Гров и Портобело Роуд. На нивните настапи често има специјални гости вклучувајќи ги поранешните членови на Секс Пистолс, Глен Матлок и Пол Кок, поранешниот тапанар на Клеш Топер Хидон и поранешниот член на Мескалеро, Тимон Дог.

Продуцент[уреди | уреди извор]

Џонс бил и повремен продуцент. Во 1981 тој го продуцира вториот албум на Елен Фолеј, "Д спирит оф ст. Луис". Тој исто така бил во врска со Фолеј и ги преправил песните од вториот албум заедно со Страмер. Меѓу оние коишто се појавуваат на албумот се и членови на Д блокхедс и сите четири членови на Клеш. Во 1981 Џонс го продуцира и првиот албум на Театр оф хејт насловен како "Вестворлд" издаден во 1982, напишан од Кирк Брендон. Џонс исто така свири гитара на песната "До ју белив ин д вестворлд". Тој го снима и продуцира алнбумот "Ариа оф д девил" во 1982 на истимениот бенд во "Весекс Студио", кој не беше издаден сè до 1998, кога мастерот на снимките беше пронајден од страна на Кирк Брендон. Џонс го продуцира и деби албумот на лондонските Либертинес, "Ап д брекет"(2002). Критички, албумот е добро прифатен и во Обединетот Кралство и САД. Тој останува како продуцент и на вториот и последен албум на бендот, Либертинес. Го има продуцирано и деби албумот на поранешниот член на Либертинес Пете Доерти, односно на бендот Бејбишемблс. Џонс е запишан и како придружна гитара и вокал на главната песна "Мал бачо" од бендот Лос фабулосос кедилакс на албумот "Реј азукар". Моментално обезбеди успех со песната "Дајс лајв- д рандом мајнд" од Лук Ринехарт, во филмот на Ник Мид и Вејн Мекгрегор, современ мјузикл. На доделувањето на наградите на "НМЕ шоквејкв" во 2007, Џонс се качи на сцена и ја изведе песната "Вајт мен ин хамерсмит палејс" заедно со Прајмл скрим.

Пријателството со Ричард Арчер[уреди | уреди извор]

Ричард Арчер од Хај Фај првпат го запознава Џонс кога тој уште бил со Контемпо. Хард Фај барајќи продуцент, на предлог на еден од членовите на бендот, се одлучуваат токму за Џонс. На пробата во Путнеј, Ричард ја споредува облеката која ја носи со "Годфадр". Арчер работи година дена на првата снимка на бендот, но работите не се одвиваале така како што очекуваат поради проблемите со продуцентската куќа. Зборувајќи за Арчер, Џонс кажува: - Се надевам дека ќе ми биде забавно во овој дел од кариерата и сакам да работам со млади луѓе како што е Рич бидејќи тој е полн со нови идеи. Нема да кажам дека јас сум му ментор. Само се обидувам да имам малку забава и да отсвирам некоја песна. На доделувањето на награди "НМЕ", на шоуто во "Коко Клаб" одржано на 6 февруари 2008, Џонс се појавува на сцената заедно со Хај Фај изведувајќи ја "Шуд ај стеј ор шуд ај гоу" и песната на Хај Фај "Старс оф ЦЦТВ".

Горилаз[уреди | уреди извор]

Џонс повторно соработува со Симонон на албумот од Горилаз од 2010, именуван како "Пластик бич", на истоимената песна. Џонс исто така настапнува со Горилаз лајв бенд, придружувајќи ја песната "Пластик бич" со ритам гитара заедно со Симонон. Бендот e хедлајнер на "Коачела Фестивал 2010, Гластонбјури" и "Фестивал интернационал де беникасим". Мик Џонс и Пол Симонон моментално работат како извршни продуценти на нов филм заоснован врз на снимката од Клеш 1979 поточно албумот Лондон колинг.

Музичка опрема[уреди | уреди извор]

Првата гитара на Џонс е Џипсон "лес пол џуниор" со "П90" магнет, кој ја купил откако Џони Тандрс користел таква. Оваа е главната гитара на Џонс од крајот на 1977 до почетокот на 1978, а после тоа ја користи како замена и како студиска гитара. Во исто тоа време поседува и друга "Лес пол џуниор" гитара, целосно црна, црн "пикард"(заштитна маска), која што ја скршил за време на една свирка во 1977. Потоа се врти кон користење на регуларна "Џипсон лес пол" гитара, а подоцна "Џипсон лес пол кастм". - "Најдобри секако ми беа "Џуниор", - изјвил на порталот од Џипсон во 2006. Имав одлична Лес пол стандард, орнаментна. Потоа имав црна кастм и бела кастм, па бела "холоувбади" за "Лондон колинг". Но сè уште до ден денес ја свирам Џуниор". Исто така привремено има свирено и "Олимпик вајт Фендер Стратокастер" - за верзијата во живо на "Стрејт ту хел", неколку "Бонд" гитари кои биле донирани за него од страна на неговиот добар пријател Ендру Бон, кој и ги прави тие гитари. За ефекти претежно користи "МХР" педали вклучувајќи "100 фазер", "Фленгер", и "Аналог дилеј" како и "Роланд хорус" или "Спејс Ехо ефектс." За време на почетоците на Клеш, Џонс користи засилувач од марката "Маршал плекси" и привремено "Фендер Твин" со 2х12. Подоцна користи "Меса Буги" засилувачи со два "Маршал 4х12" звучници, кој ги користи за време на свирењето со Клеш. Џонс користи "хај-тек"(високотехнолошка) британска гитара "Бонд Елекграглајд" со бендот Биг аудио динамит. Во моментов, привревремно свири на "Џипсон лес пол џуниор", но со моменталниот бенд Карбон/Силикон повеќе ја користи полесната, црна "Фендер тинлајн телекастер 1972" со оригинал "Фендер вајд рејнџ" магнети. Овие инструменти се свирени на засилувачот "Фендер блус девил". Обезбеден е дополнителен "овердрајв" со "Ибањес тјуб скример ТС-9 овердрајв" педала.