Мокрош

Координати: 41°16′N 24°13′E / 41.267° СГШ; 24.217° ИГД / 41.267; 24.217
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Микрош)
Мокрош
Λιβαδερό
Мокрош is located in Грција
Мокрош
Мокрош
Местоположба во областа
Мокрош во рамките на Драма (општина)
Мокрош
Местоположба на Мокрош во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°16′N 24°13′E / 41.267° СГШ; 24.217° ИГД / 41.267; 24.217
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000626000000626 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно100
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мокрош (грчки: Λιβαδερό , Ливадеро[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри северозападно од градот Драма, на надморска височина од 626 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 349 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 304 луѓе[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1953 година, селото било преименувано во Ливадеро.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 10 грчки бегалски семејства со вкупно 32 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 233 лица, додека во 1940 година селото броело 647 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 160 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 227 жители, во 1971 година имало 131 жител, во 1981 година имало 101 жител, додека во 1991 година имало 121 жител[4]. Денеска, населението на селото е 100 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 647 160 227 131 101 121 100
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Λιβαδερό
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 44.