Миконазолот е имидазолен антифунгален агенс, кој се употребува топикално на кожата или мукозните мембрани во третманот на габични инфекции. Дејствува преку инхибиција на синтезата на ергостеролот, важна компонента на клеточните мембрани кај габите. Исто така се користи против некои видови на Leishmania, кои се едноклеточни паразити кои исто така содржат ергостерол во нивните клеточни мембрани.