Микеле Кваранта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Микеле Кваранта
Роден 24 декември, 1953
Форлимпополи, Италија
Занимање Учител по аикидо

Микеле Кваранта (италијански: Michele Quaranta) (роден на 24 декември 1953 во Италија) е учител по аикидо, кој живее во Швајцарија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Континуирано вежба аикидо од 1974 г. Моментално е носител на 6. Дан во аикидото. Скоро 22 години бил асистент (уке) на Масатоми Икеда и го придружувал на сите семинари кои ги одржувал Икеда. Неговата спортска кариера ја започнал како професионален фудбалер на ФК Нордстерн (во првата Швајцарска фудбалска лига), а потоа работел и како професионален фудбалски тренер. Подоцна се вработил како банкарски службеник и на крај се насочува професионално кон аикидото. По повлекувањето на Икеда во 2001 г. од активниот аикидо живот, Микеле Кваранта родолжува самостојно да го проширува аикидото наследено од Икеда-сенсеј. Основал две школи со повеќе клубови. Првата била во градот Базел (Швајцарија) од 1983 година, додека поновата е во градот Нешател (Швајцарија). Има повеќе од 300 ученици во своите школи. Во меѓународната сцена посебно се истакнува како технички директор на повеќе држави кои ја ценат неговата способност, стручност и оддаденост на аикидото. Со правото да доделува мајсторски степени заклучно со 4. Дан во Словачката аикидо асоцијација, додека самиот беше носител на 5. Дан и титула Шидоин, претставува уникатен пример во светот со таква дозвола доверена од Аикикаи Хомбу Доџо. Освен аикидо подучува Аикикен, Аикиџо и Хоџо (HOJO) (древна дисциплина развиена во школата Кашима Шинден Џикишинаге Рју (Kashima Shinden Jikishinkage Ryu) која датира од 14 век и за која се користи посебен бокен (дрвен меч) . Оваа дисциплина подетално ја подучува на летните семинари.

Образование[уреди | уреди извор]

Средно економско училиште.

Јазици[уреди | уреди извор]

Зборува италијански, шпански, француски, германски, португалски и англиски.

Семинари[уреди | уреди извор]

Редовно одржува семинари во следните земји: Швајцарија, Словачка, Чешка, Полска, Русија, Украина, Египет, Хрватска, Србија и Македонија, а на чести покани и во Велика Британија, Ирска, Холандија, Германија, Турција, Франција и Италија.

Хоби[уреди | уреди извор]

Музика и фудбал.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]