Мизар (албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Мизар“ — музички албум на истоимената македонска рок-група, објавен во 1988 година од љубљанската издавачка куќа „Helidon“. Во 2003 година, албумот бил повторно објавен (во форма на компакт-диск) од скопската издавачка куќа „Lithium records

Содржина[уреди | уреди извор]

На оригиналното издание на албумот се наоѓаат следниве песни:[1]

  • Девојка од бронза
  • Дождот
  • Магла
  • Илјада и шеесет лета
  • Униније
  • Стој
  • Градот е нем
  • Ходен же
  • Истекувам
  • Златно сонце

На повторното издание од 2003 година се додадени и следниве песни:[2]

  • Славјани (демо снимка, 1988)
  • Дожд по дождот (демо снимка, 1988)
  • Дожд (во живо, 1990)
  • Градот е нем (демо снимка, 1988)

За албумот[уреди | уреди извор]

Албумот го снимил следниов состав на групата „Мизар“: Горан Таневски (вокал), Горазд Чаповски (гитара), Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас-гитара) и Катерина Бељновска (клавијатури). Автори на песните се: Чаповски и Таневски („Девојка од бронза“ и „Стој“), Чаповски („Дождот“, „Магла“, „Илјада и шеесет лета“, „Униније“ и „Златно сонце“), Чаповски/Таневски/Трајкоски („Градот е нем“), Таневски/Трајкоски/Спасевски („Ходен же“) и Спасовски/Чаповски („Истекувам“). Албумот е снимен во студиото „Тиволи“ во Љубљана во периодот јануари-април 1988 година, снимател бил Јанез Крижај, а продуцен Горан Лисица-Фокс. Мастерингот на повторното издание го направил Димитар димовски во студиото „Тра ла ла“ во 2002 година. Автори на идејната скица се: Сергеј Дамовски, Виолета Чаповска и Дејан Русимовиќ, автор на дизајнот е Јанез Штравс.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.
  2. Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.
  3. Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.