Мигел Лопез де Легаспи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мигел Лопез де Легаспи
Роден(а) околу 1502
Зумарага, Шпанија
Починал(а) 20 август 1572
Манила
Занимање Морепловец
Познат(а) по Jа основал првата шпанска населба во источна Индија

Мигел Лопез де Легапи (шп. Miguel López de Legázpi, Зумарага, околу 1502 - Манила, 20 август 1572), исто така познат како Ел Аделантадо (шп. El Adelantado) и Ел Вјејо / Постариоѕ (шп. El Viejo), бил баскиско-шпански морепловец и гувернер кој ја основал првата шпанска населба во источна Индија сo експедицијата преку Тихиот Океан од вицекралството на Нова Шпанија до денешен Мексико, која минала и низ Себу (Филипинските Острови) во 1565 година. Тој бил првиот генерален гувернер на шпанската Источна Индија, во кој биле вклучени Филипините и другите пацифички архипелаги, односно Гвам и Маријанските острови. Откако успеал да се здобие со почит кон многу други автохтони народи и кралства, Де Легапси ја прогласи Манила како главен град на шпанската Источна Индија во 1571 година. Главниот град на провинцијата Албај на Филипините, Легаси Сити, го носи неговото име.

Мексико[уреди | уреди извор]

Ернан Кортес (1485-1547), авантурист и конквистадор кој ја освоил државата на Ацтеките, во 1528 година започнал да формира населби во Северна Америка. Во тоа време, Лопез де Легаспи патувал во денешното Мексико (тогаш Нова Шпанија) за да започне нов живот. Де Легаспи го сторил тоа поради смртта на родителите и поради лошите односи со својот најстар брат кој го наследил семејното богатство. Работел со Хуан Гарсесо и Хуановата сестра Изабел Гарсес во Тласкал. Де Лепаспи се оженил со Гарсес и имал девет деца; сепак, Изабел умрела во средината на 1550-тите.

Во периодот од 1528 до 1559 година, Де Легаспи работел како шеф на одделот за финансии и како градоначалник на Мексико Сити.

Наследство[уреди | уреди извор]

Експедицијата на Легаспи и Андрес де Урданета на Филипините ефективно создадала трговски пат, односно патот МанилаАкапулко, по кој среброто копано во Мексико и Потоси, е трампано за кинеска свила и порцелан, индонезиски зачини, индиски скапоцени камења и други вредни стоки за Европа во тоа време. Трговскиот пат што се појавил бил важна трговска врска помеѓу Латинска Америка и Азија-Пацифик, а производите и робата дури стигнувале и до Европа (преку Хаванските галеони), кои обезбедиле голема финансиска поддршка за Шпанската Империја.[1]

Во следните 333 години, од 1565 година, кога Шпанија за првпат воспоставила колонијално владеење во земјата до Парискиот договор од 10 декември 1898 година, Филипините биле шпанска колонија (вклучувајќи го и периодот 1762-1764, кога британската власт ја контролирала Манила и градот Кавита но не и целата земја).

Во медиумите[уреди | уреди извор]

Марк Гил го глумел Де Легаспи во Филипинската историска драма и епска фантастична ТВ серија во 2013 година, Индио.

Наводи[уреди | уреди извор]