Мигамански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мигамански јазик
Застапен воЧад
Подрачјецентрален
Говорници20,000  (2000)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3mmy

Мигаманскиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од погрупата на источночадски јазици.

Преглед[уреди | уреди извор]

Според податоците од 2000 година, јазикот го зборуваат околу 20.000 луѓе, а бројот на Мигаманци е некаде околу 23.000 (според пописот од 1991). Јазикот се зборува во регионот Гераж, во областа на Абу Телфан во Чад. Јазикот е составен од четири дијалекти, мигамански, догански, гамијански и дамбијански. Јазикот се користи во секоја сфера од секојдневието на Мигаманците, освен кога се обраќаат кон Арапите на пазарите (кога користат арапски) или во образованието (кога користат француски). Јазикот има позитивен став. Јазикот се пишува на латиница, но писменоста е многу мала. Делови од Библијата се преведени на мигамански.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мигамски јазик на „Етнолог“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]