Меѓу осамените жени

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Меѓу осамените жени“ (италијански: Tra donne sole) — краток роман на италијанскиот писател Чезаре Павезе од 1949 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се состои од 30 глави, а дејството се одвива во Торино и во неговата околина, по Втората светска војна: Клелија Оитана, не толку млада жена која работи во една модна куќа во Рим, пристигнува во својот роден град, Торино кого го напуштила пред 18 години. Само што се сместува во хотелот, таа присуствува на немила сцена - во соседната соба, една девојка од богато семејство, се обидела да изврши самоубиство. Набргу, Клелија се среќава со нејзиниот познаник Морели кој ја носи на разни забави. Така, таа ги запознава Момина и Мариела, кои се пријателки на Розета, девојката што се обидела да се отруе. Иако нема пријатни спомени од детството и младоста, сепак Клелија не може да издржи и ја посетува улицата во која одраснала, каде среќава една од своите најдобри другарки од младоста. Подоцна, Клелија се запознава со Розета, а во една прилика, тие две и Момина одат во хотелот, разговарајќи за обидот за самоубиство. Во меѓувреме, Клелија е многу зафатена со уредувањето на просториите на претставништвото на модната куќа. Таа интензивно се дружи со луѓето од средната и повисоката класа и согледува колку се празни тие, па во една прилика започнува љубовна врска со работникот Бекучо. По долготрајна работа, најпосле завршува со уредувањето на претставништвото на модната куќа, а тогаш ја дознава веста дека Розета извршила самоубиство во некој изнајмен стан.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Čezare Paveze, Među usamljenim ženama. Beograd: Rad, 1964.