Меѓурек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Меѓурек
Μελισσουργειό
Меѓурек is located in Грција
Меѓурек
Меѓурек
Местоположба во областа
Меѓурек is located in Кукуш (општина)
Меѓурек
Местоположба на Меѓурек во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°1′E / 41.067° СГШ; 23.017° ИГД / 41.067; 23.017Координати: 41°4′N 23°1′E / 41.067° СГШ; 23.017° ИГД / 41.067; 23.017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000339000000339 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно111
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Меѓурек (грчки: Μελισσουργειό, Мелисургио, до 1926 Μουζδερέκ, Меѓурек)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 339 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот во 1616-1617 година, селото се состоело од 11 домаќинства[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Меѓурек се состоело од 55 семејства и 236 жители Македонци и 22 Турци[4][5]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Меѓурек имало 500 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 680 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7]. Како егзархисти биле 360 жители, додека како унијати 120 жители на селото.

Во текот на Втората Балканска војна, селото настрадало од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[8].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 163 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 112 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било прекрстено во Мелисургион.[9]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 177 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 377 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 207 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 224 жители, во 1971 година имало 126 жители, во 1981 година имало 130 жители, додека во 1991 година имало 114 жители[11]. Денеска, населението на селото е 111 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 377 207 224 126 130 114 111 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Меѓурек
  • Гоце Меѓуречки (1877 - 1941)
  • Георги Даскалов (1895 - 1969)
  • Григор Георгиев (1892 - ?)[12]
  • Данаил Христов (1883 - ?)[13]
  • Доне Трајков (1892 - ?)[14]
  • Кирил Христов (1885/1886 - ?)[15]
  • Киро Георгиев[16]
  • Константин Гоцев [17]
  • Коце Стоев (1892 - ?)[18]
  • Мито Христов (1885/1886 - ?)[19]
  • Никола Грков (1887 - ?)[20]
  • Никола Митов (1884 - ?)[21]
  • Петар Николов (1882 - ?)[22]
  • Петар Попов Николов (1881 - ?)[22]
  • Стојан Меѓуречки[23]
  • Христо Иванов (1873 - ?)[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μελισσουργειό
  3. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99. 
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  11. Folketeljing 2011, revidert
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 151.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 766.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 724.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 769.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 157.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 650.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 773.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 191.
  21. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 451.
  22. 22,0 22,1 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 511. Вероятно идентичен с Петър Попов Николов.
  23. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 303.