Меѓународно училиште „Дирубај Амбани“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на училиштето.
Логото на училиштето.

Меѓународното училиште „Дирубај Амбани“ (ДАИС, од англиски: Dhirubhai Ambani International School) е приватно училиште во Мумбај, Махараштра, Индија за ученици од двата пола.[1] Училиштето беше изградено од „Релајанс Индустрис“ и е именувано во чест на поранешниот патријарх на конгломератот, Дирубај Амбани. Основано во 2003 година, училиштето од почетокот ја нуди програмата за Меѓународна матура. Нита Амбани е претседавач со училиштето.

Училиштето покрај програмата за Меѓународна матура, ги нуди и програмите за Индиски сертификат за средно образование и Меѓународен општ сертификат за средно образование.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „1. Dhirubhai Ambani International School“. Hindustan Times (англиски). 2017-09-18. Посетено на 2020-06-21.