Меѓународен суд на правдата
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Меѓународен суд на правдата | |
---|---|
Cour internationale de justice | |
International Court of Justice Seal | |
Основан | 1945 |
Надлежност | Worldwide, 193 State Parties |
Местоположба | Хаг, Холандија |
Координати | 52°05′11.76″N 4°17′43.80″E / 52.0866000° СГШ; 4.2955000° ИГД |
Authorized by | |
Judge term length | 9 години |
Number of positions | 15 |
Мрежно место | www.icj-cij.org |
Претседател | |
Моментално | Рони Абрахам[1] |
Од | 6 февруари 2015 |
Lead position ends | 5 февруари 2018 |
Vice President | |
Сегашен | Abdulqawi Yusuf[1] |
Од | 6 февруари 2015 |
До | 5 февруари 2018 |
Меѓународниот суд за правда е главниот судски орган на Обединетите Нации. Седиштето на овој суд се наоѓа во Палатата на мирот во Хаг, Холандија. Основан е во 1945 година според одредбите на Повелбата на Обединетите Нации, а започнал со работа во 1946 година, како наследник на Постојаниот суд за меѓународно право. Статусот меѓународен суд на правдата е сличен со статутот на неговиот претходник и е главен конструктивен документ кој ја утврдува и регулира работата на судот.
Меѓународниот суд на правдата не треба се разликува од меѓународниот кривичен суд, кој исто така има потенцијал за глобална надлежност. Англискиот и Францускиот јазик се службени јазици на судот.
Работата на судот карактеризира широк опсег на судски активности. Главна функција е решавање на правни парници поднесени од државите и доделување правни совети поднесени од страна на меѓународно овластени органи и агенции. Судот гарантира право на јавно и непристрасно судење.
Бројот на парници пред меѓународниот суд за правда бил релативно мал сè до 1980 година кога волјата за користење на судот пораснала, пред сè на земјите во развој.
САД во 1986 се повлекле од присилното судство што по автоматизам значи дека ги признаваат надлежностите на судот од случај до случај.
Состав на судот
[уреди | уреди извор]Меѓународниот суд за правда се состои од петнаесет постојани судии избрани од страна на Генералното Собрание и Советот за Безбедност од список на личности номинирани од страна на национални групи во кругот на Постојаниот арбитрационален суд. Изборниот процес е уреден по членовите 4-12 од статутот на меѓународниот суд за правда. Мандатот на судиите трае девет години и постои можност за повторен избор на истите. Изборите се одржуваат на секои три години при пензионирање на една третина од судиите секој пат, како би било осигурал континуитетот во кругот на судот.
Ако судијата за време на мандатот почине, праксата за избирање на негов заменик е да биде заменикот од иста националност сè до завршување на мандатот на починатиот судија. Не може да има двајца судии од иста националност. Според членот 9, членството на судот треба да претставува “главна одлика на цивилизацијата и највисок правен систем во светот”.
Во суштина ова претставува општо право, цивилно право и социјалистичко право(денес посткомунистичко право). Од 1960-те секоја од петте постојани членки на Советот за безбедност (Франција, Русија, САД, Кина и Велика Британија) секогаш имале судии во меѓународниот суд. Исклучок е Кина која немала свој судија во судот од 1967 до 1985 година, поради што не предложила свој кандидат.
Правилото за геополитички состав на работната маса постои поради фактот што не постои одредба по тоа во статутот на меѓународниот суд.
Членот 2 од статутот обезбедува сите судии треба да бидат “избрани без обѕир на нивната националност помеѓу личностите на високиот морален карактер” кои се квалификувани за највисоката судска должност во своите земји или познати како правници со адекватно познавање на меѓународното право.
Независноста на судот е опишана во членовите 16-18. Судите на меѓународниот суд за правда не смеат да имаат друга позиција, ниту пак да работаат како советници. Судијата може да биде разрешен од должноста единствено со анонимно гласање на останатите членови на судот.
Напротив овие правила, независноста на судот е често доведувана во прашање, таков пример е процесот Никарагва против САД. Соединетите Американски Држави произлегоа со официјално соопштение во кое е речено дека не можат да произнесуваат доверливи материјали пред судот поради присуството на судија од држава од источниот блок.
Судиите можат да издаваат заедничка пресуда или да даваат посебни мислења. Одлуките И советодавните мислења се донесуваат со мнозинство, а во случај на еднакви гласови, одлуката ја донесува претседателот. Судиите можат да дадат посебни мислења во спротивност на другите.
Ад хок судии
[уреди | уреди извор]Членот 31 од статутот ја утврдува процедурата по која ад хок судиите заседаваат на потешките парници на судот. Овој систем овозможува секоја страна во тие парници да именува судија по свој избор(обично по нивната националност), ако веќе судијата во процесот не е од нивна националност. Ад хок судиите во потполност учествуваат и во донесувањето на одлуки, покрај постојаните судии. Според тоа во некоја парница можно е да земат учество дури седумнаесет судии.
Овој систем може да изгледа чудно во споредба со домашните судови, но неговата цел е да ги охрабри земјите да поднесуваат парници пред судот. На пример, ако државата знае дека Ќе има судски службеник кој ќе учествува во разгледувањето на случаите и истиот Ќе може да даде мислење од гледиштето на неговата држава, тогаш таа земја би била по слободна да му се обрати на судот. Секако овој систем не одговара потполно на природата на судот и има мали последици. Ад хок судиите обично (но не и секогаш) гласаат во корист на државата која ги именувала и со тоа ги анулираат сопствените гласови.
Комори
[уреди | уреди извор]Вообичаено, судот заседава во полн состав, но во последните 15 години во одредени можности заседавал и во комори. Членовите 26-29 од статутот дозволуваат судот да оформи помали комори, обично три или пет судии, кои би го разгледувале случајот. Два типа на коморите се предвидени со членот 26: прва, комора за специјални категории на случаи, и втора, формирање Ад хок комора за сослушување на единечни случаи.
Во 1993 година според членот 26(1) од статутот на меѓународниот суд за правда, воспоставена е специјална комора, чија надлежност е да се занимава со прашањата од животната средина.
Ад хок коморите се често составани. На пример, комората е користена при сослушувањето на случајот “Мајнски Залив” (САД против Канада). Во тој случај, страните дале до знаење дека Ќе се повлечат доколку судот не именува судии во коморите кои ќе бидат прифатливи за обете страни. Пресудите на коморите имаат помало значење од пресудата на целиот суд.
Употреба на правото
[уреди | уреди извор]При одлучување во случаите, судот се консултира со меѓународното право како што е предвидено во членот 38. Членот 38 од статутот на меѓународниот суд предвидува донесување на одлуки судот мора да земе ги во обѕир меѓународните конвенции, меѓународни обичаи и “цивилните правни принципи, признати од страна на цивилизираните нации”. Исто така судот може да се повика на академски пишувања и претходни судски одлуки, како би се помогнало произнесувањето на законот, инаку судот не е формално обврзан на своите претходни одлуки.
Одлуките на судот обврзуваат само страни на поединечните парници, а не на сите земји. Според членот 38(1), судот може повторно да разгледува претходно донесени одлуки. Во реалност, меѓународниот суд за правда ретко ги поништува претходно донесените одлуки и ги третира како преседан на сличен начин како и врховниот суд во цивилниот правен систем. Според тоа меѓународните правници често се раководат на пресудите на судот како пресуди од највисоки вредности. Некои од поранешните пресуди и мислења придонеле за развојот на меѓународното право и служеле како правец за наредните пресуди. Ако се сложат страните, може да му дадат на судот да одлучува по принципот “ex aequo et bono”(фер и правично), давајќи му слобода на судот да донесе непристрасна одлука, заснована на тоа Што е правично под дадени околности. Судот кој се раководи по принципот “ex aequo et bono” на некој начин делува слично како посредник. Меѓутоа оваа одредба сѐ уште не е користена во судската историја.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 International Court of Justice (6 февруари 2015). "No. 2015/5". Соопштение за печат. посет. 9 февруари 2015 г Архивирано на 8 февруари 2015 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Игор Јанев, Legal Aspects of the use of a provisional name for Macedonia in the United Nations System, American Journal of International Law, Vol.93, no. 1, January 1999 [1] Архивирано на 21 септември 2013 г.
|