Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (првично позната како Лига на друштвата на Црвениот крст) е хуманитарна институција која што е дел од Движењето на меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина заедно со МКЦК и 186 посебни национални друштва. Основана во 1919 г., со седиште во Женева, Швајцарија, таа ги координира активностите помеѓу националните друштва со цел да ги подобри животите на ранливите групи преку мобилизација на моќта на хуманоста. На меѓународно ниво, Федерацијата , во тесна соработка со националните друштва, води и организира, мисии за помош како одговор на големиот број итни случаи.

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Во 1919 г., претставници од националните друштва на Црвениот крст на Британија, Франција, Италија, Јапонија и САД се состанале во Париз за да ја основаат Лигата на друштва на Црвениот крст, чија главна цел била зајакнување и единство на веќе постоечките друштва на Црвениот крст при извршувањето на активностите поврзани со здравството, како и промоција на новите друштва. Првичната идеја била на Анри Дејвисон, којшто тогаш бил претседател на американскиот Црвен крст, а го поддржал и британскиот генерал Сер Дејвид Хендерсон, кој потоа станал генерален директор. Овој потег, предводен од американскиот Црвен крст, ги проширил меѓународните активности на Движењето на Црвениот крст надвор од главната мисија на МКЦК според која што се обезбедува помош за итни случаи кои не се настанати како последица на вооружен конфликт (како човечки несреќи и природни катастрофи). Американскиот Црвен крст веќе имал големо искуство со спроведување на мисија за помош при катастрофа уште на почетокот на своето основање.

Создавањето на Лигата, како дополнителна организација на меѓународниот Црвен крст, заедно со МКЦК, било контроверзно заради неколку причини. МКЦК имал, до одредена мера, оправдана загриженост за можното соперништво помеѓу двете организации. Создавањето на Лигата се гледало како обид да се потцени водечката позиција на МКЦК во рамките на Движењето, а и да се пренесат задачите и надлежностите на мултилатерална институција. Првичните статуси на Лигата од мај 1919 г. содржеле дополнителни регулативи, коишто на петте друштва коишто ја основале Лигата им дале привилегиран статус, а со напорите на Анри Дејвисон и правото да ги исклучат националните друштва на Црвениот крст од земјите со централна моќ, главно Германија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Турција, и како дополнение на тоа националното друштво на Црвениот крст на Русија. Овие правила биле спротивни на принципите на Црвениот крст за универзалност и еднаквост помеѓу сите национални друштва, ситуација која што ја зголемила загриженоста на МКЦК.

Почеток на мисиите[уреди | уреди извор]

Првата мисија за помош организирана од Лигата била мисијата за помош на жртви заради гладување во Полска, како и на тифус кој подоцна се појавил. Само пет години по нејзиното основање, Лигата веќе издала 47 апели за донации за мисиите во 34 земји, што претставува импресивен показател за потребата од овој тип на работа на Црвениот крст. Вкупниот износ собран преку овие апели достигнал 685 милиони швајцарски франци, коишто биле искористени за итно да се донесат залихи за жртвите на гладот во Русија, Германија и Албанија, за жртвите при земјотресите во Чиле, Јапонија, Колумбија, Еквадор, Костарика и Турција, како и за бегалците во Грција и Турција. Првата мисија на Лигата за помош при катастрофа во широки размери се случила по земјотресот во Јапонија, во 1923 г., кога 200 000 луѓе загинале, а безброј луѓе останале ранети и без засолниште. Заради координацијата на Лигата, јапонското национално друштво на Црвениот крст добило помош, од неговите сестрински друштва, која што достигнувала вредност од околу 100 милиони долари. Уште една нова и значајна област, иницирана од страна на Лигата било и создавањето на младинскиот Црвен крст во рамките на националните друштва.

Поштенска марка од Турција за поддршка на Црвената полумесечина, 1928 г.

Заедничка мисија на МКЦК и Лигата за време на руската граѓанска војна од 1917-1922 г. го означила првиот пат кога Движењето било вклучено во внатрешен конфликт, иако сè уште без јасен мандат од Женевските конвенции. Лигата, со помош од повеќе од 25 национални друштва, организирала мисии за помош и дистрибуција на храна и други средства за помош за цивилното население кое било погодено од болести и глад. МКЦК работел со националното друштво на Русија, а подоцна со националното друштво на Советскиот Сојуз, постојано нагласувајќи ја неутралноста на МКЦК. Во 1928 г., бил основан Меѓународниот совет за да ја координира соработката помеѓу МКЦК и Лигата, задача која што подоцна ја презела Комисијата. Истата година, бил усвоен заеднички статут за Двиењето, дефинирајќи ги соодветните улоги на МКЦК и Лигата во рамките на Движењето. За време на абисинијанската војна, помеѓу Етиопија и Италија од 1935-1936 г., Лигата донирала помош во вредност од околу 1,7 милиони швајцарски франци. Бидејќи италијанскиот фашистички режим под раководство на Бенито Мусолини одбил каква било соработка со Црвениот крст, помошта била поделена само во Етиопија. За време на војната, 29 лица ги загубиле своите животи додека биле под јасна заштита на симболот на Црвениот крст, најголем дел од нив поради нападите од страна на италијанската армија. За време на граѓанската војна во Шпанија од 1936-1939 г. Лигата повторно ги здружила силите со МКЦК, а добила и помош и од 41 национално друштво. Во 1939 г., на крајот на Втората светска војна, Лигата го преместила своето седиште од Париз во Женева за да ја искористи предноста на швајцарската неутралност.

По Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Федерацијата ја добива Нобеловата награда за мир на церемонија во 1963 г. .
(Фотографија од: www.redcross.int Архивирано на 12 август 2007 г.)

Во 1952 г., за првпат бил преработен 1928-иот статут на Движењето. Во 1960-тите години, имало значително зголемување на бројот на признати национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина заради деколонизацијата. До крајот на 1960-тите, имало повеќе од 100 друштва низ светот. На 10 декември 1963 г., Федерацијата (сè уште позната како Лига на друштвата на Црвениот крст) и МКЦК заедно ја добиле Нобеловата награда за мир. Во 1983 г., Лигата била преименувана во Лига на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина заради зголемениот број на национални друштва кои работеле под симболот на Црвената полумесечина. Три години подоцна, седумте основни принципи на Движењето, усвоени во 1965 г., биле инкорпорирани во негови статути. Името на Лигата повторно било променето во 1991 г. во неговото сегашно официјално назначување, Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Во 1997 г., МКЦК и Федерацијата го потпишале Севилскиот договор, којшто дополително ги дефинира одговорностите на двете организации во рамките на Движењето. Во 2004 г., Федерацијата ја започнала својата најголема мисија за помош по катастрофата предизвикана од цунами во Јужна Азија. Повеќе од 40 национални друштва работеле со повеќе од 22 000 волонтери да достават помош на безбројните жртви, оставени без храна и засолниште и загрозени од опасноста од епидемии.

Активности и одговорности[уреди | уреди извор]

Федерацијата координира помеѓу националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина ширум светот. Заедно со МКЦК го поддржува основањето на нови национални друштва во земји каде што не постои официјално друштво. Национално друштво е признато како член на Федерацијата само доколку е признато од МКЦК. Федерацијата соработува со националните друштва на погодените земји, (национално друштво-домаќин) како и со националните друштва на други земји кои се во можност да понудат помош (национално друштво-партнер). Помеѓу 187-те национални општества, признати од Генералното собрание на Федерацијата како членови или набљудувачи, околу 25-30 редовно работат како партнери во други земји. Најактивни се американскиот Црвен крст, британскиот Црвен крст, германскиот Црвен крст, како и друштвата на Црвениот крст во Шведска и Норвешка. Друга голема мисија на Федерацијата, која што заслужила внимание во последните години, е нејзината посветеност на работата околу забрана за употреба на мини, како и медицинска, психолошка и социјална помош за лицата повредени од мини.

На кратко, главните задачи на Федерацијата се следниве:

  • Промоција на хуманитарните принципи и вредности;
  • Помош на националните друштва и
  • Поддржување на проекти со достапни фондови.

Организација[уреди | уреди извор]

Федерацијата има свој секретаријат во Женева. Води и канцеларии во пет зони и има одреден број делегации ширим светот. Секретаријатот е познат по честите промени на персоналот и реорганизацијата на неговата структура. Во последните две години се случиле две големи реорганизации. Извршниот директор, Бекел Гелета, има целосна поддршка од претседателот Коное и Управниот одбор. Секретаријатот е поделен на 4 оддели. Највисокото тело на Федерацијата е Генералното собрание, кое што се избира на секои две години со делегати од сите национални друштва. Меѓу другите задачи, Генералното собрание избира Претседател...Некои членови на одборот, вклучувајќи го и заменик-претседателот Бенгт, . Многу национални друштва, вклучувајќи го и американскиот Црвен крст за прашања како безбедност на крвта, како и за недоразбирања при управувањето со фондовите. Управниот одбор се сосоти од претседател и заменик-претседател на Федерацијата, на Комисијата за финансии и 20 претставници од избраните нациоални друштва.

Претседатели на Федерацијата[уреди | уреди извор]

Од 2009 г., претседател на МКЦК е Тадатеру Коное (Црвен крст на Јапонија). Заменик-претседатели се Пол Биерх (Кенија), Јаслин Уриа Салмон (Јамајка), Мохамед Ал Маадид (Катар) и Бенгт Вестерберг (Шведска). Поранешни претсеадтели (до 1977 г. именувани како портпароли) биле:

  • 1935 - 1938: Cary Travers Grayson (USA)
  • 1938 - 1944: Norman Davis (USA)
  • 1944 - 1945: Jean de Muralt (Switzerland)
  • 1945 - 1950: Basil O'Connor (USA)
  • 1950 - 1959: Emil Sandström (Sweden)
  • 1959 - 1965: John MacAulay (Canada)
  • 1981 - 1987: Enrique de la Mata (Spain)
  • 1987 - 1997: Mario Enrique Villarroel Lander (Venezuela)
  • 1997 - 2001: Astrid Nøklebye Heiberg (Norway)
  • 2001 - 2009: Juan Manuel del Toro y Rivera (Spain)
  • 2009 -  : Tadateru Konoé (Japan)

Финансирање и финансиски прашања[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од буџетот на Федерацијата е финансиран од придонеси од националните друштва и од придонеси од вложувања. Критериумите за придонесите на секое друштво се воспоставени од страна на Финансиската комисија и одобрени од Генералното собрание. Какво било дополнително финансирање, особено за непредвидени мисии за помош, се добива преку апели издадени од Федерацијата, а доаѓа и преку волонтерски донации од националните друштва, влади, други оргнизации, соработници и поединци.

Амблем, мото и изјава на мисијата[уреди | уреди извор]

Амблемот на Федерацијата е комбинација од црвен крст и црвена полумесечина на бела позадина, опкружени со црвена рамка без каков било дополнителен текст. Црвениот крст, оригииналниот симбол на Движењето, е на левата страна, а црвената полумесечина на десната. Per Humanitatem ad Pacem е примарното мото на Федерацијата (член 1 од Уставот на Федерацијата). Изјава на мисијата на Меѓународното движење, како што е формулирано во документот на Федерацијата, ,,Стратегијата 2010’’, е да се подобрат животите на ранливите групи преку мобилизација на моќта на хуманоста. Од 1999 -2004 г., заедничкиот слоган за сите активности на Меѓународното движење било Моќта на хуманоста. Во декември 2003 г., на 28-та Меѓународна конференција во Женева било усвоено мотото Заштитувајќи го човечкото дотоинство, како нов слоган за целото Движење.

Односи во рамките на Движењето[уреди | уреди извор]

Федерацијата во различни периоди била во конфликтна ситуација со МКЦК, најпрво и пред сè кога американскиот Црвен крст се заканил да го отстрани МКЦК со создавањето на Лигата како ,,вистински Меѓународен Црвен крст’’, по Првата светска војна. Неколку договори за соодветни улоги на организацијата помогнале за ублажување на односите, започнувајќи со договорот од 1928 г., Севилскиот договор од 1997 г. и последните Дополнителни мерки од 2005 г. Севилскиот договор и дава на Федерацијата водство во каков било итен случај којшто не се случува во рамките на вооружен конфликт (во таков случај МКЦК презема одговорност). Организацискиот радзор сега е намален во голема мера. Моментално, Секретаријатот има Оддел за соработка на Движењето којшто е посветен на организирање интеракција и соработка со МКЦК.