Меѓународна мрежа за елиминација на загадувачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого

Меѓународната мрежа за елиминација на загадувачи (ММЕЗ) [1] — глобална мрежа на невладини организации посветена на заедничката цел за елиминирање на загадувачите, како што се олово во боја, жива и олово во животната средина, постојани органски загадувачи (ПОЗ), хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем и други токсични материи.

ММЕЗ е составена од невладини организации од јавен интерес кои поддржуваат заедничка платформа за глобална елиминација на ПОЗ преку Стокхолмската конвенција, работат на влијание врз имплементацијата на конвенциите од Ротердам и Базел, како и Минамата Конвенција за жива.

Повеќе од 550 невладини организации од јавен интерес на ММЕЗ во над 120 земји работат заедно за елиминирање на токсичните загадувачи, на забрзана, но социјално правична основа. Оваа мисија вклучува постигнување свет во кој сите хемикалии се произведуваат и користат на начини кои ги елиминираат значителните негативни ефекти врз човековото здравје и животната средина, и каде што постојаните органски загадувачи (ПОЗ) и хемикалиите од еквивалентна загриженост повеќе не ја загадуваат локалната и глобалната средина. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „New Name Better Reflects Breadth of IPEN's Work“. Посетено на 15 November 2019.
  2. „IPEN“. Посетено на 15 November 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]