Меѓународна година на хемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
A red square behind an orange square, which is behind a blue square that says "2011 C Chemistry" on it. Under this, there are the words "International Year of Chemistry 2011".
Лого на МГХ.

Меѓународната година на хемијата (IYC 2011) бил едногодишен комеморативен настан за достигнувањата на хемијата и нејзините придонеси за човештвото.[1] Признанието за хемијата било официјализирано од Обединетите нации во декември 2008 година. Настаните за оваа година биле координирани од IUPAC, Меѓународен сојуз за чиста и применета хемија, и од УНЕСКО, образовна, научна и културна организација на Обединетите нации.[2][3]

Позадина[уреди | уреди извор]

Резолуцијата на ООН со која се повикува на Меѓународна година на хемија во 2011 година била поднесена од Етиопија и спонзорирана од 23 нации. Предлогот бил дека хемијата дава витален придонес кон постигнување на целите на Декадата на ООН за образованието за одржлив развој, од 2005-2014 година.

Тема[уреди | уреди извор]

Тематиката на IYC2011 била „Хемија – нашиот живот, нашата иднина“. Се фокусирала на „достигнувањата на хемијата и нејзините придонеси за благосостојбата на човештвото“.[1] Имала за цел да ја подигне свеста за хемијата кај пошироката јавност и да ги привлече младите во оваа област, како и да ја нагласи улогата на хемијата во решавањето на глобалните проблеми.[4]

Настани[уреди | уреди извор]

Настаните поврзани со IYC 2011 биле организирани од националните хемиски друштва, како што се Американското хемиско друштво, Кралското друштво за хемија, Бразилското хемиско друштво, Друштвото за хемиска индустрија и Кралскиот австралиски хемиски институт и регионалните хемиски федерации, како што е Европското Здружение за хемиски и молекуларни науки и Федерацијата на африкански здруженија за хемија.[5][6][7][8]

IUPAC избрале 25 жени за Наградата за истакнати жени во хемијата/хемиското инженерство.[9] Меѓу нив билче Ада Јонат од Израел, Чулабхорн Валајлак од Тајланд, Лесли Јелоулис од Велика Британија и Џоана С. Фаулер од САД.

IYC има целосен список на настаните на своето мрежно место.[10] Предвидените настани биле фактурирани како конференции, конгреси, симпозиуми, саеми, изложби, велики отворања, предавања, состаноци, отворени дискусии, работилници, прослави и квизови.

Завршниот настан на IYC се одржал во Брисел, Белгија на 1 декември 2011 година.[10]

Неколку значајни настани[уреди | уреди извор]

Франција[уреди | уреди извор]

Официјалната церемонија на лансирање на IYC 2011 се одржала на 27-28 јануари во Париз во седиштето на Образовната научна и културна организација на Обединетите нации. Во неа учествуваале над 1,000 делегати од 60 земји. Присуствувале четворица добитници на Нобелова награда. Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова се обратила.[11]

Швајцарија[уреди | уреди извор]

На февруари 2011 година, Швајцарската пошта издала поштенска марка на која е прикажан модел на молекула на витамин Ц за одбележување на Меѓународната година на хемијата. Швајцарскиот хемичар Тадеус Рајхштајн го синтетизирал витаминот за прв пат во 1933 година.[12]

Обединето Кралство[уреди | уреди извор]

Кралското друштво за хемија ја прославило IYC 2011 со преглед на најзначајните достигнувања на хемијата од милениумот.[13]

Австралија[уреди | уреди извор]

Меѓународна конференција се одржала како официјален настан на IYC на островот Лорд Хоу, на списокот на светско наследство на УНЕСКО, помеѓу 14 и 18 август под насловот „Кон глобалната вештачка фотосинтеза: Енергија, нанохемија и управување“.[14]

Канада[уреди | уреди извор]

Канада имала многу демонстрации за годината на хемијата. Учествувале 32 универзитети низ цела Канада.[15] Универзитетот Далхози организирал „хемиско рандеву“ за 7 мај. Ова вклучувало обиколка на лабораторијата за хемија, храна и демонстрации.[16]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 About IYC: Introduction. Архивирано на 8 октомври 2011 г. July 9, 2009. Retrieved on July 22, 2009.
  2. United Nations Observances. Retrieved on July 27, 2009.
  3. United Nations Resolution 63/209: International Year of Chemistry.[мртва врска] February 3, 2009. Retrieved on July 22, 2009.
  4. “UNESCO Named Lead Agency for International Year of Chemistry in 2011.” Архивирано на 30 мај 2009 г. UNESCO News Service press release. December 30, 2008. Retrieved on July 20, 2009.
  5. About IYC: Background. Архивирано на 23 септември 2015 г. Retrieved on July 22, 2009.
  6. “2011 Will Be International Year of Chemistry.” Chemical and Engineering News.
  7. “2011 To Be International Year of Chemistry.” Chemistry World. February 2009. Retrieved on July 21, 2009.
  8. “The United Nations Organization Has Proclaimed 2011 the International Year of Chemistry.” Journal of the Brazilian Chemical Society, vol. 20 no. 3, São Paulo 2009. Retrieved on July 23, 2009.
  9. www.chemistryviews.org Distinguished Women Chemistry/Chemical Engineering Award
  10. 10,0 10,1 „Events What is happening and when“. IYC 2011 Official website. 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-13. Посетено на 2011-02-23.
  11. „The Year Begins! Echoes from Paris“. IYC 2011 Official website. Feb 11, 2011. Архивирано од изворникот на September 23, 2015. Посетено на 2011-02-23.
  12. Stephens, Thomas (Feb 17, 2011). „Let the chemical games begin!“. Swiss Info. Swiss Broadcasting Corporation. Посетено на 2011-02-23.
  13. ChemComm Highlights in Chemistry - celebrating IYC 2011 by reviewing the most significant chemical advances since the millennium
  14. Towards Global Artificial Photosynthesis: Energy, Nanochemistry and Governance „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2011-03-10. Посетено на 2011-03-10.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link) (accessed 23 March 2011)
  15. http://www.iyc2011.ca
  16. „Archived copy“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-13. Посетено на 2011-05-07.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]