Меѓународна година на младите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во декември 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја донело резолуцијата 64/134[1] со која годината што започнува на 12 август 2010 година е прогласена за Меѓународна година на младите.[2]

Резолуцијата ги повикува владите, граѓанското општество, поединците и заедниците ширум светот да ги поддржат активностите на локално и меѓународно ниво за одбележување на настанот. Младинските организации, владите и граѓанското општество се охрабруваат да организираат активности што промовираат зголемено разбирање на важноста и придобивките од младинското учество во сите аспекти на општеството, како и оние што ги поддржуваат младите да ја посветат својата енергија, ентузијазам и креативност кон развојот и унапредување на меѓусебното разбирање. Ги охрабрува младите да се посветат на поттикнување на напредок, вклучително и постигнување на Милениумските развојни цели на ООН (МРЦ)[3] кои сакаат да намалат низа социјални несоодветности, почнувајќи од екстремна сиромаштија и глад до смртност кај мајки и новороденчиња до недостаток на пристап до образование и здравствена заштита, сè до 2015 година.

Тема: Дијалог и меѓусебно разбирање[уреди | уреди извор]

Под темата „Дијалог и меѓусебно разбирање“, резолуцијата има за цел да поттикне дијалог и разбирање меѓу генерациите и да ги промовира идеалите за мир, почитување на човековите права и слободи и солидарност.

Глобално ниво[уреди | уреди извор]

Земјите-членки на Обединетите нации[уреди | уреди извор]

Во својата резолуција 64/134, Генералното собрание на ООН донело одлука „да се организира под покровителство на Обединетите нации светска младинска конференција како врв на годината“ и го покани „Претседателот на Генералното собрание да спроведе отворени информативни консултации со Земјите-членки со цел утврдување на модалитетите на конференцијата, која треба да се финансира од доброволни прилози“.

Во април 2010 година, Н.Е. г-дин Џон-Франсис Регис Зинсу, постојан претставник на Република Бенин, се согласил да служи како олеснувач за консултациите за организацијата на конференцијата што се одржала во 2011 година. Консултациите на Генералното собрание започнале во мај 2010 година.

Систем на Обединетите нации[уреди | уреди извор]

Покрај конференцијата на ООН за млади, ООН ги координирале своите напори за одбележување и промовирање на Меѓународната година на младите. Меѓуагенциската мрежа на Обединетите нации за развој на младите ги координирала активностите на системот на ООН за Меѓународната година на младите, а Програмата за млади на ООН ги предводела овие напори. Меѓуагенциската мрежа на Обединетите нации за развој на млади работи на зголемување на делотворноста на работата на ООН во развојот на младите преку зајакнување на соработката и размената меѓу сите субјекти на ООН кои работат на млади.

Членовите на мрежата го усвоиле Рамковниот пристап на ООН за Меѓународната година на младите[4] во февруари 2010 година, за да обезбедат конкретна рамка за колективни напори и да ги постават стратешките цели за годината. Рамката идентификува три клучни цели и обезбедува специфични активности од суштинско значење за спроведување на целите, а тоа се:

1. Создавање свесност: зголемена посветеност и инвестициите во младите

  • Зголемување на признавањето на развојот на младите како паметна инвестиција од јавниот и приватниот сектор ;
  • Застапување за признавање на придонесите на младите за развој на националната заедница и за постигнување на милениумските развојни цели;
  • Промовирање на разбирањето за нееднаквостите меѓу младите и како ефикасно да се решат потребите на најзагрозените;
  • Поттикнување на истражување и градење на знаење за млади за подобро информирање на младинските политики и програми.

2. Мобилизирање и ангажирање: зголемување на младинското учество и партнерства

  • Институционализирање на механизми за учество на младите во процесите на донесување одлуки;
  • Поддржување на организациите и иницијативите предводени од младите за подобрување на нивниот придонес кон општеството;
  • Зајакнување на мрежите и партнерствата меѓу владите, организациите предводени од млади, академијата, граѓанските организации, приватниот сектор, медиумите и системот на ООН, за да се зајакне посветеноста и поддршката за холистички развој на младите.

3. Поврзување и градење мостови: зголемување на меѓукултурното разбирање кај младите

  • Промовирање на младински интеракции, мрежи и партнерства меѓу културите;
  • Јакнење и поддршка на младите како агенти на социјална инклузија и мир.

Напредокот постигнат во текот на годината ја поставил основата за понатамошна работа во развојот на младите, вклучително и имплементација на Светската програма за акција за млади и постигнување на Милениумските развојни цели. Рамката била дистрибуирана до системот на ООН, вклучително и до регионалните комисии и тимовите на земјите. Организациите што ја слават годината биле поканети да ја користат Рамката за да ги водат своите активности.

Историја на младите во Обединетите нации[уреди | уреди извор]

Во 1965 година, земјите-членки на Обединетите нации први признале дека придонесот на младите - дефиниран од Обединетите нации како лица на возраст помеѓу 15 и 24 години - е од суштинско значење за развојот на општеството кога тие ја одобрувале „Декларацијата за унапредување меѓу младите на идеалите за мир, взаемно почитување и разбирање меѓу народите“[5].

Дваесет години подоцна, Генералното собрание ја забележало 1985 година како „прва меѓународна младинска година: учество, развој и мир“. Во 1995 година, земјите-членки ја зајакнале својата посветеност кон младите со усвојување на „Светската програма за акција за млади (WPAY)“, која обезбедува рамка за политики и практични упатства за национално дејствување и меѓународна поддршка за подобрување на состојбата на младите преку зголемување на нивните пристап до можности за конструктивно учество во општеството.

Во 2007 година, Генералното собрание се проширило во однос на WPAY со усвојување на дополнителни проблематични области, со што вкупно биле достигнати петнаесет области со приоритетен фокус: образование, вработување, глад и сиромаштија, здравје, животна средина, злоупотреба на дрога, малолетничка деликвенција, активности за слободно време, девојчиња и млади жени, учество, глобализација, информатички и комуникациски технологии, ХИВ/СИДА, млади и конфликти и меѓу-генерациски односи.

Национално ниво[уреди | уреди извор]

Меѓународните години вообичаено се слават на национално ниво и ги водат Националните комитети, обично се состојат од владини субјекти како што се Министерството за млади или Министерството за образование, Национални младински совети, граѓански организации, претставници на системот на ООН и други релевантни чинители.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Меѓународна младинска година (од 1985 година)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „General Assembly of the United Nations“. www.un.org (англиски). Посетено на 12 ноември 2020.
  2. http://social.un.org/youthyear
  3. https://www.un.org/millenniumgoals
  4. „United Nations Framework Approach - International Year of Youth (IYY) August 2010-2011“. social.un.org. Посетено на 12 ноември 2020.
  5. „A/RES/20/2037 - Declaration on the Promotion Among Youth of the Ideals of Peace, Mutual Respect and Understanding Between Peoples - UN Documents Cooperation Circles“. www.un-documents.net. Посетено на 12 ноември 2020.