Меѓународен мечувалски сојуз
Изглед
![]() | |
Спорт | мечувалство |
---|---|
Основана | 29 ноември 1913 |
Претсетател | ![]() |
Број на екипи | 135 |
Портал | http://www.fie.ch/ |
Меѓународен мечувалски сојуз или FIE (француски: Fédération Internationale d'Escrime, англиски: International Fencing Federation) — меѓународен регулативен орган на олимпиското мечувалство. Основана е на 29 ноември 1913 г. во Париз. Денес седиштето се наоѓа во Лозана, Швајцарија. FIE се состои од 135 национални сојузи, признаени од нивните матични олимписки комитети како единствени претставници на таа земја.
Прв претседател на FIE бил белгиецот Алберт Фејерик (1913-21). Моменталниот претседател на сојузот е Алишер Усманов од Русија.
Сојузот го организира Светското првенство во мечување и Светскиот мечувалски куп.
Национални сојузи
[уреди | уреди извор]Во организацијата членуваат 135 национални сојузи.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сојузи-членки (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Меѓународен мечувалски сојузен (FIE) (англиски) (француски) (шпански)
- Олимписки рекорди - FIE
- Календар на FIE
- Македонска мечувалска федерација Архивирано на 14 октомври 2011 г. (македонски)