Прејди на содржината

Меѓународен ден на џезот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меѓународниот ден на џезот е меѓународен ден прогласен од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации во 2011 година „за да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето од сите краеви на светот“.[1] Се слави секоја година на 30 април.[2] Идејата е на џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е внесена во календарите и на УНЕСКО и на Обединетите нации.[3][4]

Институтот за џез Херби Хенкок (поранешен институт за џез Телониус Монк), американска невладина организација со која исто така претседава Хенкок, е водечки организациски партнер за Денот на џезот. Институтот ги координира активностите во земјите-членки на УНЕСКО, како и глобалната прослава. Настаните во градот домаќин кулминираат со Ол-стар глобален концерт, кој вклучува бројни џез музичари од целиот свет кои настапуваат во или околу историска знаменитост.

Прославата на Меѓународниот ден на џезот во 2022 година имала глобален концерт на сите ѕвезди во салата на Генералното собрание на Обединетите нации, со Херби Хенкок, Грегори Портер, Шемекија Коупленд, Маркус Милер, Марк Витфилд, Хироми Уехара, Линда О, Дејвид Санборн, Ренди Брекер, Рави Колтрејн, Закир Хусеин, Брајан Блејд и други.[5]

Светско учество

[уреди | уреди извор]

Речиси 200 земји учествуваат на Меѓународниот ден на џезот секоја година.[6] Во прилог на концерти и џем сесии, настаните вклучуваат работилници, конференции и контакт со заедницата. Официјалниот регистар на настани ширум светот е вдомен на интернет страницата jazzday.com каде што тие се прикажани и индексирани по азбучен ред по земја.[7]

  1. „About | International Jazz Day“. International Jazz Day. Посетено на 2017-09-29.
  2. „International Jazz Day, 30 April“. www.un.org. Посетено на 2017-09-29.
  3. „International Days“. UNESCO. Посетено на 2017-09-29.
  4. „International Days“. www.un.org. Посетено на 2017-09-29.
  5. Peacock, Tim (2022-04-25). „Gregory Porter, David Sanborn & More To Perform At International Jazz Day 2022“. uDiscover Music (англиски). Посетено на 2022-10-28.
  6. „Watch International Jazz Day Concerts From St. Petersburg, Russia and New Orleans“. Посетено на 2018-08-20.
  7. „How You Can Participate - International Jazz DayInternational Jazz Day“. jazzday.com. Посетено на 2018-08-20.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]