Прејди на содржината

Меѓународен ден на танцот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународен ден на танцот
Се одбележува На светско ниво
Тип Ден на танцот
Датум 29. април

Меѓународниот ден на танцот— меѓународен празник кој се слави и одбележува на 29-ти април. Основан е од Меѓународниот театарски институт во 1982 година и се прославува низ целиот свет.

Историја

[уреди | уреди извор]

Датумот 29 април е избран за Светски ден на танцот бидејќи на тој ден е роден реформаторот на танцот Жан-Жорж Новер. На тој ден ширум светот се одржуваат бројни настани посветени на танцот. Целта на овој ден е да се зголеми свеста на луѓето за важноста на танцот. Меѓународниот совет за танц од ден на ден брои се повеќе организации кои се приклучуваат на советот. На почетокот на 2016 година вклучувал околу 1100 организации составени од училишта, компании, фестивали и околу 8.000 поединечни членови, кои биле кореографи, учители и историчари на танцот во 170 земји. Во Србија има 3 светски Меѓународни совети за танц со седишта во Белград, Ниш и Нови Сад.[1]

За танцот и здравјето

[уреди | уреди извор]

Танцувањето е физичка активност која игра многу важна улога за човековото здравје. Играта претставува универзален јазик, не познава ниту вера ниту граница, а за танчерот важна е само играта.[2] Танцот има многу важна улога за нашето тело, ја подобрува работата на срцето, ја зголемува издржливоста, ја зголемува физичката самодоверба и го намалува стресот.[1] Постојат различни форми на танцување. Некои од формите се менувале низ вековите и како резултат на тоа биле создадени модерни танци како што е жанрот Хип-Хоп. Секоја форма има специфичен стил, но секоја форма на танц има цел уметнички и културен израз. Балетот е танц кој првично потекнува од Италија, а години подоцна во Франција. Балетот има многу форми како класичен балет, неокласичен и современ балет.

Џезот е вид на танц кој е заснован на импровизација и оригиналност. Свинг танцот и Линди Хоп се многу познати форми на џез танц.

Контра танцот е од американско потекло, во кој се формираат две паралелни линии и се изведуваат низа танцови движења.[3]

Куриозитети

[уреди | уреди извор]

Мага Магазиновиќ е родена во 1912 година и таа го организирала првиот настап за нејзините ученици, кои танцувале потполно боси. Таа им овозможила на сите девојки да играат и да ги остварат своите соништа, иако тогаш имало многу патријархален живот. Мага Магазиновиќ била балерина, кореограф и професор и голем борец за правата на жените.[4]

  1. 1,0 1,1 „SVETSKI DAN IGRE – 29. april 2017. godine“. Institut za javno zdravlje Vojvodine. Посетено на 6. 4. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Svetski dan igre: Manje poznate činjenice“. Nova ekonomija. Архивирано од изворникот на 15. 05. 2021. Посетено на 6. 4. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. „12 Popularnih vrsta plesa“. Eferrit. Посетено на 7. 4. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Данас је светски дан игре“. Странка слободе и правде. Архивирано од изворникот на 05. 04. 2022. Посетено на 6. 4. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)