Меѓународен ден на пчелата
Меѓународен ден на пчелата | |
---|---|
Одбележување на Меѓународниот ден на пчелата 2018 во Брезница, Словенија | |
Датум | 20 мај |
Меѓународен ден на пчелата – меѓународен празник кој се слави на 20 мај, роденденот на Антон Јанша, основоположникот на модерното пчеларство (1734-1773).
Празнувањето на Меѓународниот ден на пчелата има за цел да го привлече на огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, добивање мед и други пчеларски производи (матичен млеч, пчелин восок, прополис, итн.)
Предлогот на Словенија за воведување на Меѓународен ден на пчелата бил едногласно прифатен на Генералното собрание на ООН на 20 декември 2017 година[1] „со цел да се потсети на важноста на опрашувачите, загрозеноста на нивниот опстанок и нивниот придонес за одржлив развој“.
За првата прослава на Меѓународниот ден на пчелата во 2018 година, Словенија издала спомен-монета од 2 евра.