Прејди на содржината

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик во Бангладеш во чест на паднатите жртви за бенгалскиот јазик за време на протестите одржани на 21 февруари 1952 г.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г, именувајќи го 21 февруари — ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 г, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.[1]

  1. „Светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“. Македонска информативна агенција. Посетено на 21 февруари 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]