Прејди на содржината

Меѓувладин панел за климатски промени

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меѓувладиниот панел за климатски промени е создаден во 1988 година на барање на Обединетите нации, Светската метеоролошка организација и Програма на ОН за животна средина (УНЕП) за да се процени ризикот од климатските промени предизвикани од човековата активност.

Во 2007 година, Панелот ја поделил Нобеловата награда за мир со поранешниот американски потпретседател Ал Гор[1].

Меѓувладиниот панел за климатски промени не спроведува истражувања, ниту ги следи климатските и другите феномени. Една од главните активности на Панелот е издавање на посебни извештаи поврзани со промени за примена на Рамковната конвенција на ОН за промени на климата. Панелот своите проценки ги базира главно на научната литература. Извештаите на Меѓувладиниот панел честопати се цитираат во дебатите поврзани за промени во климата. Повеќето држави и меѓународни организации го сметаат климатскиот панелот на ОН како авторитет. Сите технички извештаи на Меѓувладиниот панел за климатски промени се детално проверени од научниците.

Поврзано

[уреди | уреди извор]