Механолуминисценција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Механолуминисценцијата е луминисценција што е резултат на механичко дејство извршено врз тврда супстанца. Може да биде предизвикана на неколку начини, а најлесто со помош на ултразвук.

Се дели на три поттипови:

  • Фрактолумисценција
    • Предизвикана од механичко дејство што предизвикува скршеници – фрактури.
  • Пиезолуминисценција
    • Резултат е на влијанието на притисок што предизвикува само еластична деформација [1].
  • Триболумисценција
    • Првобитно се предизвикува како резултат на триење, но самата механолуминисценција е всушност последица на фрактурите што настануваат во текот на процесот на триење, па затоа, многу често, а особено во модерните поделби, фракто- и триболуминисценцијата се сметаат за синоними [2].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ултразвукот генерира моќна механолуминисценција