Метју Ноулс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Метју Ноулс Mathew Knowles
Роден(а)јануари 9 1951 (1951-01-09) (68 г.)
Гадсден, Алабама, САД
ЗанимањаИзвршен директор, дополнителен-снимачки продуцент
Период на активност1975–сега
ИздавачиMusic World
Мреж. местоМетју Ноулс

Метју Ноулс (анг. Mathew Knowles; роден 9 јануари, 1951) е американски извршен музичар и менаџер од Гадсден, Алабама.[1] Тој е поранешен менаџер и татко на Р&Б пејачката Бијонсе и моментален менаџер на Соланж Ноулс.

Кариера[уреди | уреди извор]

Менаџер и продуцент[уреди | уреди извор]

Ноул е економист на универзитетот „Фиск“ во Нешвил. Додека учел во Фиск тој имал членство во неколку студентски и социјални организации, како Омега Пси Фси Братството, Ета Бета Чаптер на UT Chattanooga . Откако го завршил неговиот Б.А. во 1975,[се бара извор] тој работел со компанијата за слики Xerox. Тој ја напуштил неговата работа за да ја менаџира групата на неговата постара ќерка, Girl's Tyme, од кои подоцна израснала другата женска група Destiny's Child. Ноусл работел како продуцент и дополнителен продуцент на многу други проекти. Поради неговата работа во музиката, Ноулс е еден од дополнителен продуцент на трилерот од 2009, Опседнат во кој глуми неговата нјстара ќерка Бијонсе Ноулс.

Извршен директор[уреди | уреди извор]

Во 2003, Ноулс пронашол сопствена издавачка куќа, Music World Entertainment. Куќата е дивизија на Columbia Records. Куќата продуцирала многу артисти како Бијонсе Ноулс, Мишел Вилијамс, Кели Роуланд, Соланж Ноулс, From Above, Саншајн Андерсон, Trin-i-tee 5:7, The Pastor Rudy Experience, и Џ. Ксавиер.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Ноулс бил венчан со стилистот на House of Dereon, Тина Ноулс од 1980. Заедно тие имаат две ќерки, Р&Б пејачките Бијонсе и Соланж Ноулс.

На 11 ноември, 2009, TТина Ноулс потпишала документи за развод откако имало неколку изјави дека Метју имал афера со актерката Александра Врајт. Некои репортери изјавиле дека била бремена со негово дете. Откако синот на Врајт се родил, таа барала тест за бременост од Ноулс кој признал дека имал афера со неа. Тестот бил позитивен и Ноулс им платил пари за одгледување на детето на Никсон и на Врајт.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Norment, Lynn (September 2001). „THE UNTOLD STORY OF HOW Tina & Mathew Knowles Created The Destiny's Child Gold Mine - Interview“. Ebony. FindArticles.com. Архивирано од изворникот на 9 July 2012. конс. 4 March 2010. 
  2. Bachelor, Blane (March 25, 2010). „BUZZ: Paternity Test Confirms Beyoncé's Dad a Dad Again“. People. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]