Методиј Штерев
Изглед
| Григориј | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||
| Лични податоци | |||||||||
| Световно име | Георги Штерев | ||||||||
| Роден | 1866 Зарово, Солунско, Отоманско Царство (денешна Грција) | ||||||||
| Починал | 10 декември 1909 Солун, Отоманско Царство | ||||||||
| Вероисповед | Православие | ||||||||
Методиј бил бугарски православен духовник, охридски митрополит на Бугарската егзархија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Методиј бил роден во с. Зарово, Лагадинско (Солунско), во 1866 година. За охридски митрополит бил поставен во 1897 година, а со епархијата управувал 12 години. Се погрижил за градба на повеќе од 60 училишта во селата во Охридско, Преспанско, Ресенско и Демирхисарско.[1]
Бил во конфликт со ВМРО, па војводата Ѓурчин Петров од Слатино наредил да му се конфискуваат сите скапоцености, архијерејската митра и облеката. Сепак, народот го чувствувал овој митрополит за свој, а луѓето му се обраќале нему за разрешување на меѓусебните конфликти.[1]
Умира ненадејно во Солун, во 1909 година, на 43 годишна возраст. Антон Попстоилов пишува дека бил отруен од Грците.[1]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Како митрополит на Бугарската егзархија, која во тој период е во шизма со Цариградската патријаршија. Патријаршиски митрополити Охридски во тој период се Панарет Петридис (1896 – 1899) и Антим Анастасијадис (1899 – 1906), со седиште во Крушево.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Недески, Виктор (2022). „Црковните прилики во Охридската епархија во втората половина на XIX век“ (PDF). Зборник на трудови: 70 години Завод и музеј-Струмица: 101–109.