Прејди на содржината

Методија Столески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Методија Столески
Животописни податоци
Роден(а)2 ноември 2002(2002-11-02)(23 г.)
Струга, Македонија Македонија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровимакедонска музика, фолк музика
Занимањапејач
Период на активност2018 - сè уште

Методија Столески (р. 2 ноември 2002 година во Струга) — македонски фолк пејач и музичар на народна и новосоздадена музика.

Методија Столески својата кариера ја започнал во 2018 година, настапувајќи на фестивалот Гоце Фест со песната „Песно наша“, каде тој настапил и следната година со песната "Мајка". Истата година тој настапил и на фестивалот "Филиграни" со "Кај што гази ногата" по текст на Огнен Неделковски, музика и аранжман на Цане Петров од Група Биоритам и "Лешочки Фолк Фест" со песната "Срце печалбарско".

Во 2021 на фестивалот "Тумба Фест" во Куманово, настапил со песната "Зет како мед" по музика и текст на Цане Петров.

Од 2022 до 2023 година беше член на групата "Алфа Бенд" - Скопје.

Тој е чест гостин во емисијата "Мерак меана" на Сител Телевизија, каде има испеано многу македонски патриотски и народни родољубиви песни.

Тој е често настапува на Гоце Фест, каде во 2022 година, настапил со песната "Крв македонска" и 2023 со неговиот хит "Од Илинден 120 лета". Истата година настапил и на "Тумба Фест" со "Заљуби се у попову ќерку".

Од 2023 година е член на групата "Седенка" каде заедно со Елена Андоновска настапуваат во Македонија и надвор од неа.

Во 2024 година, за прв пат настапува на Фолк Фест Валандово со песната "Земи се" по текст на Борче Нечовски, музика и аранжман на Александар Јовевски, каде и во 2025 настапил со песната "Тага за Ристана". Истата година, настапил и на "Гоце Фест" со "Руво зетовско".

Во 2025 година, ја има неговата прва турнеја во Австралија, заедно со Спасен Сиљаноски.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]