Методија Симоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Методија Мирков Симоновски (Прилеп, 14 март 1927) — македонски етномузиколог и поет за деца.

Животопис[уреди | уреди извор]

Симоновски е роден во Прилеп на 14 март 1927 година. Како виш стручен соработник на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје работи од 1 декември 1950 до 31 декември 1965[1]. Таму тој мелографирал голем број македонски народни песни и објавил неколку статии за македонскиот музички фолклор, за ориентализмите во тоналната градба во 1959, за рефрените во 1960, за терминологијата во 1961 и за народните верувања во 1962 година. Во 1963 година е добитник на наградата 13 Ноември за достигања од областа на уметноста.[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Македонски музички фолклор, песни II, Скопје, 1959 (со коредактори);
  • Македонските мелографи од крајот на XIX век, Скопје, 1962 (со коредактор).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Поранешни вработени на Институтот за фолклор "Марко Цепенков". Институт за фолклор "Марко Цепенков". Посетено на 2009-11-16.
  2. „Добитници на наградата „13 Ноември". skopje.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на 2009-11-16.