Методија Митевски Брицо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Mmbrico.jpg
Роден 15 април 1924
Делчево, Македонија
Починал 1962
краj Охрид, Македонија


Методија Митевски Брицо (15 април 19241962) — еден од најпознатите организатори и учесник во НОБ. Роден е на 15 април 1924 г. во Делчево, во сиромашно семејство од татко Зафир - занаетчија бербер и мајка Зуица, домаќинкa. Основното образование го завршува во Делчево, а понатамошното школување го продолжува во Штип.

Биографија и дејност[уреди | уреди извор]

Тој со своето знаење и со своите стремежи за слобода и независност на македонскиот народ, му овозможува да стане член на револуционерното движење . Тој редовно присуствувал во тајните кружоци на ова дружина која била преодводена од Ванчо Прќе и активно се вклучува во организацијата на младите Пијанец, со една главна цел, да ја ослободат Македонија. Гимназија завршува во Штип, а правен факултет во Скопје. Брицо и покрај тоа што е учесник во НОБ од 1941 год. тој е и член на СКОЈ, а во комунистичката партија на Македонија е примен во 1943 год.Тој е првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец претседател на Штипската и Малешевската околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 год. е наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Полит-бирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија. Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред.

Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но целосно поставен за Македонија. Тој несреќно загинува во водите на Охридското Езеро.