Методика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Методика (од грчките зборови μεϑοδική (τέχνη) methodikḗ (téchnē) „Уметност на планираната постапка“) — во филозофијата на науката е севкупноста од сите научни „патишта“ со кои се стигнува до одредена цел; според ова, методиката е наука за постапките на една наука. Како составна дисциплина на една наука, методиката исто така претставува учење за методите на поучување и настава кои се користат во оваа наука.

Воопштено, поимот “методика” го опишува утврдениот начин на постапување. Поимот “методика” се користи во литературата (особено педагошка) во германското јазично подрачје, а се употребува и во македонското јазично подрачје, особено на наставничките факултети, каде методиката се изучува како еден од предметите кои ги подготвува идните наставници за одржување настава по предметот кој го студираат.

Поврзано[уреди | уреди извор]