Прејди на содржината

Мета-анализа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Графички приказ на мета анализа на над 1,000 случаи на дифузен интринзичен понтин глиом и други педијатриски глиоми, во која информациите за мутациите кои се вклучени како и генеричките исходи се екстрахирани од примарната литература.

Мета-анализа е статистичка анализа која ги комбинира резултатите на повеќе научни студии.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историските корени на мета-анализата датираат од астрономски студии од 17 век,[1] додека студија објавена во 1904 од статистичарот Карл Пирсон во British Medical Journal[2] во која тој собирал податоци од неколку студии за тифусна инокулација може да биде разгледувана како прва употреба на мета-аналитичен пристап користен со цел собирање на исходи од повеќе клинички студии.[3][4]

Предности

[уреди | уреди извор]

Предности на мета-анализата се:

  • резултатите можат да бидат генерализирани на поголема популација,
  • прецизноста и точноста на проценките можат да бидат подобрени со користење на поголем број на податоци,
  • неконзистентноста на резултатите од различни студии може да биде квантифицирана и анализирана.
  1. PLACKETT, R. L. (1958). „STUDIES IN THE HISTORY OF PROBABILITY AND STATISTICS: VII. THE PRINCIPLE OF THE ARITHMETIC MEAN“. Biometrika. 45 (1–2): 133. doi:10.1093/biomet/45.1-2.130. Посетено на 29 May 2016.
  2. Pearson K (1904). „Report on certain enteric fever inoculation statistics“. BMJ. 2 (2288): 1243–1246. doi:10.1136/bmj.2.2288.1243. PMC 2355479. PMID 20761760.
  3. Nordmann AJ, Kasenda B, Briel M (Mar 9, 2012). „Meta-analyses: what they can and cannot do“. Swiss Medical Weekly. 142: w13518. doi:10.4414/smw.2012.13518. PMID 22407741. Архивирано од изворникот на 2013-05-13. Посетено на 2018-11-02.
  4. O'Rourke K (2007-12-01). „An historical perspective on meta-analysis: dealing quantitatively with varying study results“. J R Soc Med. 100 (12): 579–582. doi:10.1258/jrsm.100.12.579. PMC 2121629. PMID 18065712.