Метаморфузија

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Метаморфузија“ — збирка куси раскази од македонскиот писател Драган Георгиевски, објавена во 2013 година од издавачката куќа Темплум како дел од библиотеката „Катапулт“. За оваа книга, авторот ја добил наградата „Новите!“ во 2013 година.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Збирката е објавена во едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 177 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-28-3. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На кориците се наоѓаат слики на Орли Коган (Orly Cogan), а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД Скопје и од Министерството за култура на Македонија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката „Метаморфузија“ содржи 106 куси раскази:[1] Љубовно писмо, Среќа, Цвет, Н како нагоре и назад, Метаморфузија, Летаат книги, Канцеларијата на докторот, Песна само за неа, Грицкање, Фамилијарно дрво, Брзозборка, Безвези, Господин осподин, Наслушување, Ќотек, Библиотека, Деца, Обезглавување, Таа, Свиркачот, Сведок, Знаењето е сила, Ексмисија, Длабоко надолу, Старецот, Езерото, Мртовец, Сабота 13 јули, Ништо, Д’ткач, Куси раскази, Многу супер човек, Сеф, Мартина, Смислата на мојот живот, Гостинот М., Ерес, Хартиено авионче, Одмазда, Лажни пријатели, Три средби, Денес, Смук!, Неамбициозно парче текст, Мува, Црн мачор, Рефлекс, Он, Писмена работа по македонски јазик тема: природа, Симпатија, Татко му на оној ондека, Дедо ми овој овдека, Соба 100, Писател, Уште е рано, Занесување, Моја кариера моја иднина, Филмско платно, На одмор, Идеја, Автопортрет, Интервју за работа, Решение, Шшш, Утро, Стискај кенсел, Мајка, Пат околу светот, Жуборење, Танц на сенките, Универзален јазик, Петок 13-ти, Коса, Дожд, Сон, Џуџиња, Шепкачот, Пликови, Детство, Плажа песок сонце плажа, Па шо, Станар, Шах-мат, Прошетка, Поплава, Ма само се жалите, Ја-та-то, Жмурка, Слобода, Есен, Зима, Имиња, Убав ден, Мртвите луѓе ама баш ништо не знаат, Еден ден, Утре сабајле, Чекај да ти пуштам, Цртеж, Џанкополопаскиравшки, Божиќна приказна, Поетска вечер, Двајца се караат третиот е богат, Милионер, Слушни ме, Сто седумдесет и една цигара, Среќна нова 2014.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.