Местермир
Местермир е сега главно исушено мочуриште западно од Хемсе на островот Готланд, Шведска. Ковчегот Местермир бил пронајден овде во 1936 година.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Предлогот за исушување на мочуриштето првпат бил претставен во 1898 година.[2] Мочуриштето било исушено во 1902-1910 година. Некои од езерата кои пресушиле биле Туннганштреск, Штортреск, Нидтреск, Рисалатреск и Ескестреск.[3]
Јужно од мочуриштето е Хавор, ридска тврдина од железно време. Во времето кога била изградена тврдината, мочуриштето сè уште било езеро, а тврдината се наоѓала на брегот. Во 1961 година, археолошкото ископување на градбата довело до откривање на богатсво кај Хавор.[4][5]
Историја
[уреди | уреди извор]Како дел од националната програма за јавни работи за намалување на невработеноста во 1920–21 година, вкупно 25 километри од патишта биле изградени во Местемир.
Во 2008 година, шведската енергетска компанија Ватенфал почнала проект за изградба на ветроелектрана на Местермир.[6] Плановите биле прекинати поради одлука донесена од страна на шведскиот суд за земјиште и животна средина во јули 2012 година.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Arwidsson, Greta; Berg, Gösta (1999). The Mästermyr find. Lompoc, CA: Larson Publishing Company. ISBN 0-9650755-1-6. Архивирано од изворникот на 2016-11-10. Посетено на 2021-11-29.
- ↑ „Förslag till utdikning av Mästermyr“. www.riksarkivet.se/. National Archives of Sweden. Посетено на 31 October 2015.
- ↑ Nihlén, John, уред. (1940). Gotland. Svenska turistföreningens resehandböcker, 99-0856560-5 (5. изд.). Stockholm.
- ↑ „RAÄ-nummer Hablingbo 32:1“. www.raa.se. Swedish National Heritage Board. Посетено на 12 May 2016.
- ↑ Nylén, Erik; Lund Hansen, Ulla; Manneke, Peter (2005). The Havor hoard: the gold, the bronzes, the fort. Royal Swedish Academy of Letters, History and Antiquities. ISBN 9174023454. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ Olsson, Magdalena (30 October 2008). „Samråd om vindkraft på Mästermyr“ [Consultation about wind power on Mästermyr]. www.helagotland.se. HelaGotland. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 28 October 2015.
- ↑ Hjernquist, Anncatrin (12 July 2012). „Ingen vindkraft på Mästermyr“ [No wind power on Mästermyr]. www.helagotland.se. HelaGotland. Архивирано од изворникот на 2021-11-29. Посетено на 28 October 2015.