Турбе на Меси-бег

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Меси беј турбе)
Стара џамија
Основни податоци
МестоБанско, Општина Струмица
Припадностислам
ЕпархијаСтрумица
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Особености
Минариња1 (срушено)
Материјаликамен
тула

Турбе на Меси-бег — турбе кој се наоѓа во селото Банско, Општина Струмица.

Покрај турбето се наоѓа полуурнато минаре кое припаѓало на некоја џамија, и стари муслимански гробишта. Турбето припаѓа на затворените типови турбиња со квадратно решение на основата. Засводено е со купола и издигнато на низок многуаголен тамбур. Градено е во наизменично поставени редови од камен и тула, а завршува со венец изведен со камен. Турбето е покриено со стари ќерамиди. Надворешниот изглед на турбето делува мошне живописно и заедно со останатите стари гробишта и минарето се вклопува во околниот амбиент[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Балабанов, К., А. Николовски, Д. Ќорнаков (1980). Споменици на културата на Македонија. Скопје: Мисла. стр. 133.