Месечина (астрологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астролошки симбол на Месечината
Натален хороскоп

Месечината е ноќна планета бенефик која ги претставува нашите емоции и потребата од сигурност. Таа го објаснува нашето рано опкружување а особено патот по кој жените го доживуваат своето искуство како мајки. Месечината во астролошка смисла ја прикажува нашата спосбност да ја почувствуваме околината, способноста да дадеме и примиме чувства. Таа се однесува на инстинктите, на несвесниот дел од нашата личност како и на вообичаеното однесување преку кое се рефлектира низ тој мистериозен дел од нас самите. Месечината укажува како инстинктивно реагираме во личната заштита и заштитата на другите. Најважно, Месечината го опишува она кое го сокриваме од сите - нашата душа - нашите најдлабоки чувства - бескрајно простување себеси и на другите. Месечината е симбол на плодност и не случајно менструалниот циклус е под нејзина заштита. Во мунданата астрологија Месечината го претставува народот.

Во наталната карта Месечината е природен владетел на 4-то поле.

  • Принцип: женски
  • Квалитет: променлив
  • Домицил (седиште) во Рак.
  • Егзил (изгон) во Јарец.
  • Егзалтација (возвишеност) во Бик.
  • Пад во Скорпија.

Во наталната карта, покрај Сонцето, Месечината има најголемо значење за личноста. Таа управува со нашите ноќни активности, сонот, интуицијата и таинственоста. Владее со нашата потсвест а со нејзиното движење низ Зодијакот и промената на мените, влијае и врз нашата емотивна состојба и однесување.

Месечината може да биде омилена како и Венера но сепак е помалку среќна од неа бидејќи е претерано зависна, на ист начин како што доенчето е зависно од мајката. Полето во наталната карта каде што се наоѓала Месечината во мигот на нашето раѓање укажува на областа од нашиот живот во која се препуштаме без резерви, ја опишува нашата мајка и баба, а кај мажите Месечината дава опис на жената која ги привлекува. Исто така, полето во кое се наоѓа Месечината укажува на областа во која сме најранливи но и најинтуитивни, но секако дека самата положба во наталната карта не е доволна комплетно да ја опише личноста или неекој настан во астролошка смисла, туку треба да се земат превид и сите аспекти кои Месечината ги прави со другите планети во мигот на раѓањето.

Симболика на Месечината на психолошко ниво[уреди | уреди извор]

Месечината во астролошка смисла на психолошко ниво го означува следново: креативност, спонтаност, заштитнички став, душа, емоции, инстинкти, лишност, навики, претпазливост, осетливост, сентименталност, романтичност, интуиција, подложност на впечатоци.

Конструктивни одлики на Месечината[уреди | уреди извор]

Месечината во астролошка смисла ги има следните конструктивни (позитивни) одлики: прилагодливост, друштвеност, љубезност, скромност, креативност, совесност, внимателност, љубов кон семејството, добра меморија.

Деструктивни одлики на Месечината[уреди | уреди извор]

Месечината во астролошка смисла ги има следните деструктивни (негативни) одлики: нестабилност, апатичност, површност, фантазирање, лесномисленост, неодлучност, ситничарење, повредливост, страв, слаба волја, подложност на влијанија.

Симболика на Месечината на објективно ниво[уреди | уреди извор]

Животни[уреди | уреди извор]

Месечината ги претставува слените животни: славејче, рак, крава, кокошка, риба, јастог, овца, патка, видра, полжав.

Растенија[уреди | уреди извор]

Месечината ги претставува слените растенија: краставица, салата, тиква, лубеница, детелина, карфиол, зелка, печурка, грав, морков.

Органи[уреди | уреди извор]

Месечината ги претставува следните органи кај човекот: желудник, стомак, гради, малиот мозок, левата страна од телото, лимфен систем, мочен меур, полови органи кај жената, лев јајник, лев тестис, панкреас, жолчна кеса, штитна жлезда.

Бои[уреди | уреди извор]

Месечината ги претставува следните бои: светлосина, сива, бела, сребрена, зелена, бела, лимон жолта, виолетова.

Ден во седмицата[уреди | уреди извор]

Месечината го претставува следнот ден: понеделник.

Минерали и метали[уреди | уреди извор]

Месечината ги претставува следните минерали и метали: сребро и алуминиум, меки и лесни материи.

Скапоцени камења[уреди | уреди извор]

Месечината ги претставува следните скапоцени камења: бисери, селенит, опал, смарагд, аквамарин, стакло.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Месечина во Овен[уреди | уреди извор]

Овие личности имаат неуморен карактер, голема смелост и стремеж кон себеостварување без оглед на ризиците. Родени водачи, склони понекогаш кон сканадалозност и бекство од рутината. Најчесто реагираат инстинктивно и веднаш го донесуваат својот суд. Мошне се импулсивни и нивниот ентузијазам може лесно да се стартува исто како и нивниот бес. Силни чувства владеат со нивната животна енергија и се чувствува недостаток од самоконтрола. Претерано работат и тоа делува на нивните чувства. Можат да имаат проблем со очите и со мигрената. Премногу бараат и сите околу нив мора да се трудат за да им удоволат. Во детството тоа го правела мајката а сега тие тоа го очекуваат од другите.

Месечина во Бик[уреди | уреди извор]

Месечина во Близнаци[уреди | уреди извор]

Месечина во Рак[уреди | уреди извор]

Месечина во Лав[уреди | уреди извор]

Месечина во Девица[уреди | уреди извор]

Месечина во Вага[уреди | уреди извор]

Месечина во Скорпија[уреди | уреди извор]

Месечина во Стрелец[уреди | уреди извор]

Месечина во Јарец[уреди | уреди извор]

Месечина во Водолија[уреди | уреди извор]

Месечина во Риби[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]