Прејди на содржината

Месета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предел во Месета во мај.
Топографска карта на Пиринејскиот Полуостров каде е означена Месета.

Месета (шпански: Meseta Central, Централна Висораминна) или Кастиљска Висорамнина — една од најшироките географски единици на Пиринејскиот Полуостров. Се состои од висорамнина која зафаќа голем дел од неговата внатрешност.

Поимување

[уреди | уреди извор]

Поимот се развил во XIX век, и Хајнрих Мориц Вилком го опишувал подрачјето описно, со мали букви. Подоцна, Салвадор Калдерон и Арана бил првиот што употребил големи букви, воведувајќи го поимот како топоним.[1] Ваквото поимување на висорамнината го изнел и Хосе Макферсон,[2] а писателите од шпанското Поколение ’98 во голема мера придонеле кон неговата популаризација во јавноста.[3]

Планинскиот венец Централен Систем ја пресекува Месета, и ја двои на Северна Висорамнина (Meseta Norte, 700-800 м.н.в.) на север и Јужна Висорамнина (Meseta Sur, 600-700 м.н.в.) на југ.[4] Првоспоменатата ја одводнува реката Дуеро, а втората реките Тагус и Гвадијана.[4] Висорамнината ја обиколуваат релјефни единици како Леонските Планини, Галисискиот Масив, Кантабриските Планини, Баскиските Планини, Ибериските Планини и Сиера Морена.[4]

  1. Casals Costa 2001, стр. 17.
  2. Casals Costa 2001, стр. 8–9.
  3. Casals Costa 2001, стр. 18.
  4. 1 2 3 „El Relieve“. Instituto Geográfico Nacional.

Библиографија

[уреди | уреди извор]