Прејди на содржината

Меселска јама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меселска јама
светско наследство на УНЕСКО
МестоДармстадт-Дибург, Хесе, Германија
Критериумприродно: (viii)
Навод720bis
Запис1995 (XIX заседание)
Дополнувања2010
Површина42 ha (4,500,000 sq ft)
Преоден појас22.5 ha (2,420,000 sq ft)
Координати49°55′03″N 8°45′24″E / 49.9175°N 8.7567°E / 49.9175; 8.7567

Меселска јама (германски: Grube Messel) — е место за зачувување на фосили во Хесен, централна Германија, датирано од еоценската епоха. Се наоѓа околу 35 километри, југоисточно од Франкфурт на Мајна, Германија. Битуменски шкрилци биле минирани таму. Поради изобилството на фосили, има значајно геолошко и научно значење. Откако скоро станала депонија, силниот локален отпор на крајот ги запрел овие планови и Меселската јама била прогласена за култутно светско наследство на УНЕСКО на 9 декември 1995 година. Сè уште се прават значителни научни откритија и местото сè повеќе станува туристичка знаменитост.