Месапски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Масапски јазик
Застапен воИталија
ПодрачјеКалабрија, Апулија
Изумреноколу 1 век
Јазично семејство
индоевропско
  • масапски јазик
Јазични кодови
ISO 639-3

Месапски јазик — исчезнат јазик од индоевропската фамилија на јазици. Јазикот бил зборуван во југоисточна Италија во регионите Апулија и Калабрија. Бил зборуван од три племиња и тоа: месапи, дауни и пеучети. Јазикот е зачуван во писмена форма во околу 300 натписи што датират од 6 век п.н.е. па сè до 1 век. Месапскиот јазик можеби бил илирски јазик. Илирските јазици воглавном биле зборувани на другата страна од Јадранското Море најмногу на бреговите на Далмација и Црна Гора. Врската помеѓу месапскиот јазик и останатите илирски јазици е заснована врз сопствените имиња пронајдени на натписи во гробови и во класичните тесктуални извори но сепак тешко се наоѓаат други сличности со илирските јазици. Јазикот исчезнал веднаш со освојувањето на териториите на населението што го говорело овој јазик од страна на Римското Царство.