Мерцедес Дорети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мерцедес Дорети (родена 1959) е форензички антрополог од Аргентина со седиште во Њујорк.[1][2] Позната е по пронаоѓањето на докази за злосторство против човештвото.[3] Таа е добитничка на наградата „Гениус Грант“ на МекАртур во 2007 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Нејзината мајка е Магдалена Руиз Гвиназу,[4] радио новинарка.[5]

Родена е и израсната во Буенос Аирес, Аргентина, а се здобива со диплома по антрополошки науки во 1987 при Националниот Универзитет во Буенос Аирес. Помага во основањето на Аргентинскиот Форензички Антрополошки Тим.[6][7] Во 1992, ја отвора Њујоршката канцеларија на Тимот и глобално ја продолжува својата работа.[8]

Има работено во Чиле, Венецуела, Филипини, Гватемала, Ел Салвадор, Ирак, Бразил, Хрватска, Етиопија, Хаити, Панама, Француска Полинезија, Јужна Африка, Демократска Република Конго, Босна и Херцеговина, Источен Тимор, Зимбабве, Брегот на Слоновата Коска, Индонезија и Мексико.

Дорети предавала на Универзитетот Калифорнија, Беркли,[9]Харвард, Масачусетскиот Технолошки Институт, Универзитетот Колумбија, Перчејз Колеџ, Њујорк, НССР, Ратгерски Универзитет, Амнести Интернешенал, Картер Центар, и на Светскиот Археолошки Конгрес.[10]

Хјуман Рајтс Уач, Амнести Интернешенал, и Обединетите Нации редовно ги користат нејзините истраги во извештаите за човекови права, особено зашто е позната за пронаоѓање на докази за злосторства против човештвото.[3]

Во 2016, Дорети е именувана на годишната БиБиСи листа од 100 жени.[11]

Награди[уреди | уреди извор]

Дела[уреди | уреди извор]

  • Мерцедес Дорети, Џенифер Бурел (2007), „Сиви простори и бесконечни преговори“;
  • Бредли Џ. Адамс, Џон Е. Бирд (2008), „Измешани остатоци и истраги за човекови права“, поглавје „Обновување, анализирање и идентификување на измешани човечки остатоци“.

Филм[уреди | уреди извор]

  • Следејќи ја Антигона: Форензичка антропологија и истраги за човекови права (ЕААФ Витнес продукција 2002). Ко-продуцент.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Contact Us“. Eaaf.typepad.com. конс. 2015-04-05. 
  2. Felicia R. lee. „MacArthur Foundation Gives Out 'Genius Awards'“, 25 септември 2007 (посет. 5 април 2015 г).
  3. 3,0 3,1 Mercedes Doretti, MacFound, Retrieved 25 November 2016
  4. [1][мртва врска]
  5. Stephen G. Michaud. „IDENTIFYING ARGENTINA'S DISAPPEARED“, 27 декември 1987 (посет. 5 април 2015 г).
  6. „Awards“. Eaaf.typepad.com. конс. 2015-04-05. 
  7. [2] Архивирано July 24, 2011, во Wayback Machine.
  8. Borrell, Brendan. „Forensic Anthropologist Uses DNA to Solve Real-Life Murder Mysteries in Latin America“.
  9. https://web.archive.org/web/20100722212007/http://clas.berkeley.edu/Events/fall2000/11-17-00-snow/index.html. Архивирано од изворникот на July 22, 2010. конс. December 22, 2009.  Missing or empty |title= (помош)
  10. [3] Архивирано February 25, 2009, во Wayback Machine.
  11. BBC 100 Women 2016: Who is on the list?“, 21 ноември 2016. (на en-GB)
  12. „LAVERNE COX, DIANE VON FURSTENBERG, DERAY MCKESSON NAMED HONORARY DEGREE RECIPIENTS BY THE NEW SCHOOL“. 2016-03-31. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]