Мермерна пештера

Координати: 42°28′48″N 21°12′20″E / 42.48006° СГШ; 21.205538° ИГД / 42.48006; 21.205538
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мермерна пештера
Shpella e Gadimes
МестоЛипљан, Косово Косово
Координати42°28′48″N 21°12′20″E / 42.48006° СГШ; 21.205538° ИГД / 42.48006; 21.205538
Должина1,260
Надм. височина580
Откриена1969
Геологијакарст и варовник
Влезови4

Мермерната пештера или Пештера Гадиме е карстна и варовничка пештера во селото Гадиме, во општината Липљан во Косово. Таа беше откриена случајно во 1969 година од страна на еден фармер од областа и за првпат во 1976 година, таа беше отворена за туристи.

Карактеристично за оваа пештера се сталактитите, сталагмитите, арагонитските формации и мермерните блокови од камен, од коишто доаѓа името, и претставува единствено спелеолошко откритие.

Мермерната пештера во 1969 година беше прогласена за заштитено подрачје со вкупна површина од 56,25 ха од страна на МСЗП во третата категорија.

Опис[уреди | уреди извор]

Kристали од арагонит во пештерата

Мермерната пештера е единствен карстен феномен во Косово и е многу редок во светот. Една од најинтересните одлики се сталактитите и сталагмитите кои се во најголем дел од коридорите на пештерата. Тие се појавуваат во различни форми и големини. Овие сталактити и сталагмити се формирани во сите фази на создавањето на пештерата и сè уште се активни. Често се појавуваат валкани декорации во пештерата, од кои повеќето од нив се сталагмити. Во тие сталагмити има ритмички слоеви од црвена глина и калцитит. За 30 илјади години расте еден милиметар. А посебно внимание во пештера заземаат арагонитските кристали. Постојат мал број на пештери во светот во кои се појавуваат кристали од арагонит, толку големи по обем и различни по форма. Тие се насочени во сите правци и некои кристали имаат должина до 30 сантиметри.

Според експертите, постојат повеќе од 25 постојани езера. Повеќето од езерата се наоѓаат во компактен мермер и тие се, всушност, најдлабоките езера.

Температура на пештерата се движи 9,6 - 16 °C: во зависност од галеријата или сезоната. Просечната влажност на пештерата е многу ниска.

Туризам[уреди | уреди извор]

Внатрешноста

Мермерната пештера претставува една од најважните туристички атракции во Косово. Се наоѓа на околу 20 километри јужно од главниот град Приштина, во селото Гадиме, општина Липљан. 80 милиони години старата пештера е откриена случајно во 1969 година од страна на Ахмет Дити, земјоделец од оваа област, а во 1976 година беше отворена за туристи. Таа е истражувана во текот на 1970-тите од страна на спелеолошки тимови од Југославија, но голем дел од оваа пештера сè уште е неистражен, затоа што многу премини се блокирани од речните депозити. Во моментов 1,350 m2 на пештерата се истражени и може да се посетуваат од туристи.

Сталагмитите и сталактитите се нејзината главна атракција. Нивното создавање во текот на милиони години потткнаа формирање на разни форми и фигури на кои месните жители им дадоа имиња.

Галерија[уреди | уреди извор]


Поврзано[уреди | уреди извор]