Мерката на човекот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мерката на човекот (француски: La loi du Marché) - американски филм од 1940 година, во режија на Стефан Бризе (Stéphane Brizé), кој е авотор и на сценариото, заедно со Оливие Горс (Olivier Gorce). Главните улоги ги играат: Венсан Линдон (Vincent Lindon), Карин де Мирбек (Karine de Mirbeck) и Матје Шалер (Matthieu Schaller). Филмот освоил бројни награди: на Европскиот филмски фестивал во Брисел ја освоил наградата на публиката; а на Канскиот фестивал, Линдон ја освоил наградата за најдобар глумец, Бризе ја освоил наградата на Екуменското жири, а бил номиниран и за „Златната палма“.[1]

Стефан Бризе, Кан 2018 година
Актерите и екипата на Филмскиот фестивал во Кан 2015
Стефан Бризе (втор од десно) во Буенос Аирес во 2019 година, на проекцијата на „Мерката на мажот“.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажуваат тешкотиите низ кои поминува Тјери (го игра Линдон), кој е отпуштен од работа. Тој упорно бара работа при што се пријавува на неколку интервјуа за вработување, но секаде го одбиваат. Истовремено, се обидува да ја продаде својата викенд-куќичка, но без успех. Сепак, најпосле успева да се вработи во обезбедувањето на една продавница. Како дел од работата, тој мора често да ги испитува купувачите и вработените кои се фатени во кражби. Откако една продавачка, фатена во кражба, ќе изврши самоубиство, Тјери ја напушта работата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]