Мери Попинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мери Попинсроман за деца на австралиската писателка Панела Линдон Траверс, првобитно објавена во 1934 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од 12 глави:[1]

  • Источен ветер
  • Слободен ден
  • Гас кој предизвикува смеење
  • Сосетката - госпоѓица Ларк и нејзиниот Ендру
  • Веселата крава
  • Баксузниот вторник
  • Птичарката Џени
  • Фани, Ани и госпоѓа Кори
  • Близначињата Џон и Барбара
  • На полна месечина
  • Божиќна треска
  • Западен ветар

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Силсонс“, во превод на Елена Николовска. Автор на корицата е Зоран Димитриовски, лектурата и коректурата ги извршил Аполон Гилевски, компјутерската подготовка ја направил Миле Грашкоски, а книгата била испечатена во печатницата „Графостил“ во Скопје. Книгата, со обем од 162 страници и димензии од 21 сантиметар е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-933-56-1.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. П.Л. Траверс, Пери Попинс. Скопје: Силсонс, 2004.
  2. П.Л. Траверс, Пери Попинс. Скопје: Силсонс, 2004.